Реклама
CelebrityИнтервју

Предраг Васиљевиќ- Пеџа: „Татковството е вроден инстикт, се што се прави со љубов не е тешко“

Реклама

Долго време важеше за најпосакуваниот скопски ерген. Љубител е на адреналин, скијање, зимски спортови, мотори. Веќе неколку години е во брак со својата избраничка Огнена, со која имаат две деца, близнаците Вук и Воин. Предраг Васиљевиќ- Пеџа е урбан скопски угостител речиси 20 години. За тоа колку го смени новата улога, како се снајде во улогата на татко, но и за неговиот роден град Скопје прочитајте во интервјуто…

Како се навикна на татковството? Како Ви помина првата година од раѓањето на синовите?

Нема како се навикнав :) тоа е вроден инстикт, се фаќаш одма со хаосот, убавиот хаос, се што се прави со љубов не е тешко. Првава година летна многу брзо бидејќи се се одвиваше многу брзо, две деца во исто време, јадење, менување пелени, трчање на сите страни и летна една година и половина веќе.

Како ги избравте имињата на близнаците?

Сакавме имиња од ова поднебје и не се размислувавме многу, сопругата предложи Воин (сигурно имала некој симпатија со тоа име ( се смее)) и на тоа мене ми се надоврза Вук така да ни звучеа добро, Воин и Вук Васиљевиќ.

Маркетинг

Колку се снаоѓаш во улогата на татко? Кои задолженија околу синовите ви одат најдобро?

Се снаоѓам супер, играм на сите позиции за да ја заменам сопругата да земе воздух, бидејќи за мајките е многу, многу понапорно.

Како изгледаше вашата прва средба со бебињата?

Првата средба беше тотален шок, искрено не може да се напише ниту пак објасни, дефинитивно треба да се почувствува на своја кожа.

Маркетинг

Колку е сменет Пеџа откако ја има улогата на сопруг и татко?

Па не сум сменет, само сум многу позафатен и имам помалце време за себе, но мора да се работи и да се инвестира време околу децата за после да бидеме повеќе спокојни. Како велат старите ‘Што ќе сееш тоа ќе жнееш’.

Која работа никогаш не сте ја направиле, а сте сакале?

Уфф, во главно гледам се што сум сакал да го остварам, но еве иде сезона на скијање па ми текна дека последниве години имав желба да поминам7 дена на Аљаска за возење сноуборд. Но како што гледам таа желба ќе почека уште малце :)

Каков беше животот во Скопје пред 20 години, а каков е сега?

Порано животот беше на повисоко ниво, со повеќе дружење, со повисок степен на култура за разлика од денес.

Скопје е мој град, гледам така и да остане покрај се што иде во надолна линија се трудам и ќе се трудам да влијаам на околината, но тешко иде бидејќи се повеќе и повеќе има некултура. Место да се прифаќаат позитивни и добри работи за жал се прифаќаат лошите и негативните :(

Што според вас му недостасува на Скопје?

Му недостасува култура и позитивност, му недостаува дружење, но додека сите се занимаваат со политика и главни фаци да се наметнуваат политичарите и криминалците ќе одиме во надолна линија.

Што ве прави среќен?

Среќен ме прави фамилијата, другарите и моите хобија.

Знаат ли скопјани да ги следат Светските трендови?

Следат само кич од светските трендови, чест на исклучоци.

Како се снаоѓате во кујна?

Кога сум гладен се снаоѓам топ. Не сум сјаен готвач, но сум практичен, салатите ми се омилени за спремање.

Како се релаксирате?

На тросед со некој лесен филм или некоја  добра серија.

Како успевате да менаџирате со четири локали во време на пандемија, кога бројот на гости е ограничен?

Колапс тотален се дешава во угостителството, хотелиерството и туризмот, што си поголем тоа е потешко, се трудиме многу со сите сили да опстанеме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button