Семејството Ражнатовиќ денеска со јавноста сподели убави вести.
Имено младиот брачен пар, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана очекуваат уште едно дете.
фото инстаграм/Вељко Ражнатовиќ
Гордиот татко со своите следбеници на Инстаграм сподели дека очекуваат уште еден син.
Тој го објави резултатот од пренаталниот тест, во чиј опис напиша:
фото инстаграм/Вељко Ражнатовиќ
– Слава му на Бога! Ти благодарам, Господи, за се што ми даде мене грешниот. Слава на отецот и синот и Светиот Дух! Богдана, кралице на мојот живот!
фото инстаграм/Вељко Ражнатовиќ
На овие зборови не остана имуна ниту идната мајка Богдана која во коментар му порача „Те сакам“.
Тој и одговори „Богданааа“, со емотикони од срциња.
Тој потоа сподели фотографија од неговите синови Жељко и Крстан со коментар:
фото инстаграм/Вељко Ражнатовиќ
– Доаѓа уште еден брат!
Да потсетиме, Богдана во април годинава го роди вториот син, а само седум месеци подоцна нејзиниот сопруг најави дека нивното семејство наскоро ќе се прошири.
фото инстаграм/Богдана Ражнатовиќ
Најстариот наследник Жељко има две и пол години.
фото инстаграм/Богдана Ражнатовиќ
Инаку малиот Крстан се роди во април и, како што можеме да видиме од фотографиите кои неговите родители ги споделуваат на Инстаграм, тој е нивната омилена играчка.
фото инстаграм/Богдана Ражнатовиќ
Сака да се мази како и сите бебиња, ужива во прегратките на мајка му и татко му, тука е и неговиот постар брат Жељко, а секако и баба Цеца.
Се додека не се роди новиот член, Крстан ќе биде главната занимација на семејството.