TV

Пред него беше во врска со познат бизнисмен, го остави бидејќи не сакаше брак со неа но потоа го пронајде човекот на својот живот: Еве како Илда Шаулиќ го запозна Бојан

Денес е среќна и исполнета...

Реклама
Реклама

Ќерката на покојниот крал на фолк музиката Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ уживаат во хармоничен брак а круна на нивната љубов е ќерката Ема.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Маркетинг

Нивната љубовна приказна трае со години а тие важат за еден од најскладните парови.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Заедно минуваа низ лошо и добро, како што е см.ртта на таткото на Илда, Шабан и губењето на второто бебе.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

— Доволно е да се каже дека таткото на Бојан е еден од виновниците што го натера татко ми да се заљуби во риболовот. Свекор ми имаше викендица во Бановци, каде што одевме заедно – изјави пејачката во една прилика за српските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Меѓу нас немаше тинејџерски симпатии, поради осумгодишната разлика. Тој отиде во Америка кога имаше 20 години, а јас имав само 12. Кога тој беше тинејџер, јас бев навистина дете. Братот на Бојан Бранко ми беше најдобар пријател, бидејќи сме генерациски блиски. За Бојан, Санела, Бранко и јас бевме деца, па не му бевме интересни. Мислам дека и за него и за мене нашата прва средба, по долги години не контактирање, беше целосно изненадување. Кога седнавме да пиеме кафе, се поздравивме како да се гледавме секој ден сите тие години – истакна Илда, па заклучи:

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

-Можеби тоа беше невозможна мисија за мене во тој момент, бидејќи ниту очекував, ниту бев подготвена за врска и таков близок контакт со човек кој изгледа дека го познавам, а всушност не.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Тоа беше многу специфична ситуација за мене, верувам и за него, но многу брзо и двајцата сфативме дека тоа е тоа и дека не сме згрешиле. Велам дека тој е мојата друга половина“.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Да потсетиме, пред да биде во врска со Бојан, Илда доживеа љубовен бродолом.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Наводно поранешниот партнер на Илда Шаулиќ е успешен бизнисмен, а пејачката ја освоил со сите квалитети кои некогаш ги барала кај еден маж.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Бев млада, имав 20 години. Бидејќи секогаш ги ценев мажите со карактер, мојот поранешен партнер веднаш ми го привлече вниманието со неговата силна личност. Може да се каже дека тоа беше љубов на прв поглед, која со текот на времето растеше во интензитет. Иако многумина, како мене, веруваа дека таа ќе се закити со брак, за жал, дојде до разделување. Сега продолжувам понатаму. Најважно е што останав во добри односи со бившиот партнер и дека во него ќе имам заштитник кога и да ми затреба – изјавила пејачката тогаш, а како причина за раскинувањето на таа врска изјавила дека едноставно се изморила од чекање.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Некои работи не се случија во вистинско време. Кога нашата љубов беше на врвот и кога најмногу сакав брак, семејство, деца, мојот партнер не беше подготвен за тоа. Потоа влегов во светот на музиката и бев зафатена со мојата кариера. Набргу потоа тој сакаше се што јас сакав претходно, но мојот живот во тој момент имаше поинаква смисла – рекла Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Ако долгогодишната врска не ја крунисаш со брак во моментот кога чувствуваш потреба за тоа, таа најчесто пропаѓа – заклучила Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button