Пред Митровдeн верниците треба да го направат ова!

Свети Димитриј се празнува на 8 ноември, а за празникот православните се придржуваат до овие обичаи и верувања
Митровден e голем христијански празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој се празнува на 8 ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време-зимата.

Светиот великомаченик Димитриј, кој живеел во Солун, во 3. век. Тој бил син на градоначалникот, кој долго време немал деца и по долги молитви, добил син, кого го воспитувал според христијанските верувања. По смртта на татко му, Димитриј бил назначен за градоначалник на Солун. Во тоа време, христијанството не било признаено како државна религија, па царот го советувал Димитриј да постапува сурово кон христијаните, но тој ги подучувал нив како да се чуваат од паганите.
За тоа дознал царот и кога дошол да се увери во вистината, Димитриј воопшто не одрекувал дека е христијанин, туку јавно ја презрел паганската религија на царот, поради што бил затворен. Со него се поврзани многу чуда, особено поврзани со одбраната на Солун од непријателите. Поради тоа, овој светец се смета за заштитник на Солун.

Освен вообичаениот обичај на носење леб и вино в црква (каде се осветува лебот), празникот се одбележува во семејството и за него не се поврзани некои посебни обичаи или обреди.
Вечерта пред празникот се прави „заслуг“ (од заслужување) или „кана“ (од канење), при што поблиските се канат со лепче или со некој друг предмет. На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако прзникот падне во ден кога се пости.

Исто така, на гости се оди и следниот ден, претпладне. Инаку, сите луѓе кои се викаат Димитар, Димитрија, Диме, Митре или некоја друга варијанта, на овој ден слават именден, кој се прави навечер.
Митровдан е еден од петте најголеми празници и е посветен на големиот христијански светец Димитриј. Поранешниот командант на Солун, кој го даде животот за својата вера, не го слават само Македонците, туку и Србите, Грците и Русите.

Луѓето веруваат дека Митровдeн може да се искористи за да се предвиди каква зима ќе биде. Ако има мраз на 8 ноември, кога се слави Свети Димитрија, велат дека ќе биде долга и студена зима со многу снег. Сите посакуваат МитровдEн да биде сончево, бидејќи тогаш прогнозата е поинаква…
Велат дека сонцето навестува блага зима на овој голем празник. Спротивно на тоа, доколку на Митровден падне снег, се верува дека ќе трае до април. Има многу народни обичаи поврзани со оваа прослава.
Една од најважните работи е тој ден да останете дома, бидејќи – во спротивно – цела година ќе биде надвор и ќе преноќи во туѓи куќи.

Ова не важи за оние кои слават или одат да слават со роднини или блиски пријатели, но подобро е да преноќат во својот дом.
Исто така, постои верување дека на овој ден не треба да ги карате малите деца, колку и да згрешиле или биле груби, затоа што наводно тогаш ќе бидат палави цела година.

Луѓето веруваат дека од Митровдан секој ден може да се очекува силна зима.




