Пред малку се огласи министерот Бектеши и соопшти убави вести за граѓаните!

До крајот на годинава ќе важи мерката за намалени цени на основните прехранбени производи и алкохолните и безалкохолните пијалоци што од 20 септември се продаваат со ознаката „гарантирана цена“, а укината е одлуката за забрана на акции и промоции од страна на производителите и дистрибутерите, одлучи денеска Владата.
Прехранбените производи и некои од пијалаците кои имаат ознака „гарантирана цена“ ќе се продаваат по истите цени до крајот на годината место до крајот на ноември, а на трговците повторно ќе им биде дозволено да организираат акциска продажба и на прехранбени производи.

Министерот за економија Крешник Бектеши попладнево извести дека Владата на денешната седница го продолжила за еден месец рокот за намалените гарантирани цени, и ја укинала забраната за акциска продажба на храна.
„Одлучивме мерката за намалување на цените и ознаката гарантирана цена да продолжи до крајот на годината.

Место до 30 ноември таа да важи до крајот на оваа година, а дотогаш најверојатно ќе го имаме новото законско решение кое ќе забрани нефер трговски практики.
Тоа значи дека потрошувачите ќе бидат обезбедени и нема да може да се прават злоупотреби во делот на цените на производите кои беа наведени во претходната одлука.

Сите прехранбени производи, безалкохолните пијалаци, алкохолните пијалаци опфатени со одлуката за намалување на цените и со ознаката гарантирана цена мора да ги имаат највисоките цени од 1 август до крајот на оваа година, намалени со дополнителни 10%, согласно одлуката“, рече министерот Бектеши.
Мерката „гарантирана цена“ беше воведена во септември годинава откако беа утврдени големи разлики во цените кај различни трговци.

Фото пекселс
Рокот е продолжен до крајот на годината, до кога министерот Бектеши очекува да биде усвоено новото законско решение кое ќе спречи нефер практики во трговијата кое за кратко време ќе биде пратено во собраниска процедура.
Министерот Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информира дека во иднина сите трговци и производители ќе можат да организираат акции со намалени цени.

Фото пекселс
– Оваа одлука ја донесовме бидејќи компаниите се жалеа дека не можат дополнително да ги намалуваат цените – рече Бектеши.
Според Бектеши, граѓаните ќе можат да купуваат производи со гарантирана цена до крајот на годината, а до тогаш ќе се донесе новото законско решение за нефер практики.

Фото пекселс
Претходната мерка за намалени цени беше со рок до крајот на ноември. При тоа за основа се зема цената од 1 август, намалена за 10%.




