Пред 22 години ја покорија Европа и нѐ направија горди – еве како изгледаат денес ракометарките на Кометал Ѓорче Петров
Се собраа на едно место и средбата ја овековечија со фотографија.
Ракометарките на женскиот македонски ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров повторно заедно.
Во 2002 година овие девојки ја направија Македонија горда и европски шампион.
ФОТО: Фејсбук / Милева Велкова
Клубот е основан во 1979 година под името Женски ракометен клуб Ѓорче Петров. До осамостојувањето на Македонија, ЖРК Ѓорче Петров се натпреварувал во сојузните лиги на поранешна СФРЈ, а по добивањето на независноста и формирањето национална ракометна лига, клубот станал синоним за македонскиот ракомет со освоени 17 титули во македонската суперлига и 16 титули во македонскиот куп.
Составот предводен на клупата од Александар Панов, а на теренот од легендарната Индира Кастратовиќ, пред 22 години на 19 мај, го победи Херц Ференцварош со 26:22 во реванш финалниот натпревар и за првпат во историјата, капитенот Гордана Нацева го крена пехарот.
ФОТО: Фејсбук / Кометал шампион
15-те ракометарки кои играа на легендарните натпревари против Херц се: Дину, Калиниченко, Кастратовиќ, Платон, Велкова, Бујанова, Чупиќ, Будимир, Кисељова, Андрушенко, Нацева, Малахова, Пласницкаја и Златановска.
ФОТО: Фејсбук / Кометал шампион
Индира на својот Инстаграм профил сподели фотографија од нивната средба годинава.
Погледнете како изгледаат: