Прво славеше со семејството, а потоа си ги спакува куферите и си замина од Македонија – еве каде и со кого ужива Маријан Коцев
Македонскиот фолк пејач прво славеше заедно со своето семејство, па си ги спакува куферите и си замина од Македонија.
Маријан Коцев е пејачот без чии песни буквално не може да помине ниту една семејнс прослава ни забава со земјава.
Неговите „Ти само ти“, „Бекрија љубовџија“ се хитови кои ги знаат од најмлад до најстар. Кога ќе започнат овие песни публиката веднаш е на нозе.
Пејачот долги години е дел од македонскста музичка сцена, настапува и во дијаспората, а се труди да учествува и на повеќето фестивали за фолк музика.
Тој е доста активен на социјалните меежи, каде често споделува фотографии и од своите најблиски.
Неговата сопруга Билјана е неговата најголема поддршка, а нивните деца Дуња и Данило се причината поради која се борат да одат напред и да редат нови успеси.
Со Билјана се запознале уште пред повеќе од 10 години на една свадба на која тој пеел.
„Јас бев беќар до 34 година. Откако ја запознав Билјана веќе животот тргна во друг правец. Јас бев подготвен уште веднаш на тоа и знаев што ме чека. Биљана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства.
Ниеден брак не е совршен , па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има се. Но, и за секој проблем има решение. Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор се се решава“, изјави Маријан своевремено.
Деновиве во нивниот дом имаше голема причина за славење.
Нивните две дечиња, Дуња и Данило славеа роденден.
Поради претпазливост од коронавирусот Маријан и Билјана одлучија заедничкиот роденден на децата да го прослават на отворено.
На роденденот присуствуваа многу нивни другарчињата, а гордите родители се потрудија децата да имаат одлична забава.
Фотографии од роденденот Маријан сподели на Фејсбук, па упати и јавна честитка:
„Среќен роденден сонциња наши Дуња и Данило”.
Пејачот не мирува, па одлучи да присуствува на овогодинешниот гроздобер, па веднаш се пофали на социјалните мрежи.
Она со што последно изненади е фотографијата со која на својата публика ѝ соопшти дека си заминал од земјава.
Имено, како што може да се види, Маријан ужива заедно со семејството во Германија.
„Малку да одморам од грозје берење… на кафе со внуката Мартина… после 9 години”, стои во опис на фотографијата.
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев
Фото: Фејсбук / Маријан Коцев