Прво огласување на Ѓорѓе Давид по страшната несреќа – и семејство на жената што почина се споменува: „Господ нека им даде сила…“
Прв пат по страшната сообраќајна несреќа се огласи музичарот преку Инстаграм
Познатиот музичар минува низ најтешкиот период во животот откако му се случи сообраќајната несреќа во Македонија.
Пејачот и еден од членовите на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, учествуваше во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Табановце во која што настрада едена жена.
Тој се уште се наоѓа во нашата земја и не смее да ја напушти додека случајот не биде завршен.
Инстаграм
До несреќата дојде откако автомобил кој се движеше во недозволена насока удри во друг автомобил, а потоа на нив налета музичарот со својот автомобил кој немаше време да реагира и ја прегази жената која во тој момент се движеше по автопатот.
Жената беше сопатничка во возилото што ја предизвика сообраќајната несреќа, кое го управуваше нејзината ќерка, а набргу по ударот им подлегна на повредите.
По несреќата многу познати личности му изразија поддршка на музичарот кој сега минува низ агонија, а сега, прв пат по несреќата се огласи и тој. Имено, Ѓорѓе на својот Инстаграм профил ја сподели објавата што претходно ја објави македонската пејачка Славица Ангелова на која тој и беше ментор кога таа успеа да го посвои првото место во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм
Славица на овој начин му изрази поддршка на својот ментор, а емотивните зборови никого не оставија рамнодушен.
„Сета љубов и поддршка му ја испраќам на својот ментор човекот кој безброј пати ја покажа својата хуманост и величина. Навистина ми е жал што минува низ толку мрачно време, но неговото срце и душа толку се поштени. Сакам да изјавам сочувство до семејството на починатата во овој трагичен настан. Господ нека им даде сила во овие тешки денови“ пишува во објавата што ја сподели Славица, а потоа истата ја објави и Ѓорѓе Давид на својот официјален профил.
Инстаграм
„Понекогаш најтешките искушенија им се случуваат баш на најдобрите и најголемите, на луѓето со најчисто срце“, додаде таа.
Инстаграм
Потсетуваме, Ѓорѓе Давид учествуваше во тешка сообраќајна несреќа во која загина 49 годишна жена од Куманово.
Несреќата се случи на автопатот Куманово-Табановце, а до истата дојде откако едно возило, кое се движело во недозволена насока, предизвикало судар. По сударот, жената која седела на совозачкото седиште го напуштила автомобилот и излегла на автопатот, а во тој момент на неа налетало друго возило.
Инстаграм/ 192.рс
Ова возило било управувано од музичарот, кој немал време да закочи, па ја покосил несреќната жена што била на автопатот.
На музичарот веднаш му беше направен тест и утврдено е дека не возел под дејство на алкохол и немал недозволиви супстанци во крвта, а од судот му е изречена мерка на претпазливост и му се одземени документите за да биде достапен додека трае истрагата.
Инстаграм
„Се уште сум во шок, тоа е пекол. Имам два шева на левата рака заради раните предизвикани од шофершајбната која пукна. Фала му на драгиот Господ што имам силен автомобил, бидејќи да не беше, кој знае што ќе се случеше со мене“, истакна Ѓорѓе по несреќата за „Гранд“.