ПРВО ОГЛАСУВАЊЕ НА МАЈКАТА НА МАЛАТА ВАЊА: „Моето преубаво девојче е во гроб, не знам како и зошто…“
Животот на семејството преку ноќ се претвори во пекол
Српскиот портал „Република“ го објави првото огласување на мајката на Вања и во истото зборуваше и за нејзиниот поранешен сопруг.
Случајот со убиството на малата Вања Ѓорчевска која монструозно беше грабната и убиена на 27 ноември го вознемири целиот регион.
Сите бараат одговори на прашањето како некој воопшто може да посегне по животот на едно толку прекрасно 14-годишно девојче и да изврши еден таков монструозен чин.
Фото: Фејсбук
Мајката на Вања, за Република вели дека се уште не знае зошто и се случило ова, зошто токму Вања била цел на монструмите.
„Сé уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол“, вели Зорица Ѓорчевска во својата исповест за „Република“.
Инаку, претходно актерката Весна Петрушевска објави дека од сигурни избори добила информации дека мајката има проблеми со срцето (види тука), но дека и сестричката на Вања има проблеми со здравјето.
Фото: Фејсбук
Овие информации ги потврди и мајката, која изјави дека има хронична болест, но и дека се надева дека на ќеркичката ќе и биде подобро.
Потсетуваме, на 27 ноември малата Вања Ѓорчевска беше грабната од својот влез и по неколку часа беше свирепо убиена.
Фото: Фејсбук
Како што објавија од обвинителството, а според сознанија добиени од осомничените лица, таа била грабната заради пари.
Според информации добиени од уапсените лица, тие сакале да изнудат пари од мајката на Вања коа наводно претходно продала стан. Овие информации тие ги добиле од таткото на Вања, но не директно, туку преку првоосомничениот.
Наводно таткото му ги доставил на информациите Љупчо Палевски, кој моментално е во екстрадиционен притвор во Турција.
Во притвор е и таткото на Вања, но тој го негира делото.