Наши ѕвезди

Прво не сакаше ништо да коментира, па го изјави ова за новата снаа – СВЕКОРОТ на Цеца конечно откри што мисли за неа

Advertisement

„Неблагодарно е да се коментира“

Advertisement

Цеца Ражнатовиќ го запозна семејството на своето момче Богдан Срејовиќ на нивната куќна слава Свети Јован.

Таа ги посети во Крагуевац, каде живее неговиот татко и каде пејачката беше срдечно пречекана од домаќините.

Како поминала првата средба на свекорот со познатата пејачка пренесуваат српските медиуми според информации добиени од таткото на новото момче на Цеца.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца остави одличен впечаток, како и што мислев. Богдан е многу задоволен од неа, откри Срејовиќ постариот.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца на славата присуствуваше во најтесен круг на семејството кое ги почитуваше сите совети од епидемиолозите заради вирусот корона.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Поради тоа само неколку блиски луѓе знаеја дека Цеца ќе оди на нивната слава во Крагуевац, па затоа овој пат не беа поканети останатите членови од семејството, пријателите и познаниците кои сигурни би сакале лично да ја запознаат и да ја видат во живо најголемата балканска музичка ѕвезда.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

„Немаше никаков спектакл, па никој и не ми се јави од семејството и познаниците да праша за Цеца. Сé беше пристојно, во кругот на семејството, како што и налага моменталната епидемиолошка ситуација“, вели Милош.

Да потсетиме, таткото на Богдан ја коментираше новата љубов на својот син и кога за нив се дозна во јавноста.

Тој тогаш изјави:

„Неблагодарно е да се коментира тоа. Тие се полнолетни, зрели луѓе, кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да забележам, среќни се и задоволни. Тоа е нивна приказна и јас не сакам да се мешам во тоа. Морам да изјавам дека Богдан го немам скоро слушнато и видено толку среќен и задоволен, па претпоставувам дека сé е во ред“, изјави тој пред неколку дена за белградските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Инаку, Цеца и девет години помладиот Богдан во врска се два месеци и веќе некое време постојано се заедно.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Тие наводно се запознале на роденденот на една заедничка пријателка, па по неколку дружби запловиле во врска.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button