Први фотографии од свадбата на познатата Албанка што го запроси момчето – венчавка како од соништата
Пејачката никогаш не изгледала поубаво
Познатата пејачка ги објави првите фотографии од свадбата по година дена откако се омажи за режисерот
Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, и 15 години постариот режисер Таика Ваитити направија интимна венчавка.
Тие се запознаа во 2о18 година, а нивната врска започна во 2021 година додека и двајцата снимаа во Австралија.
Фото: Инстаграм
Пејачката со потекло од Косово претходно беше во врска со Бруно Марс, Еднру Ват и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со потекло од Нов Зеланд беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година. Тој од овој брак има две ќерки, Матева Киритапу и Те Хинехаку.
Фото: Инстаграм
Венчавката се случи минатата година, во тајност, во друштво на најблиските роднини и пријатели на познатиот пар.
Фото: Инстаграм
Познатата пејачка дури сега откри неколку детали од свадбената церемонија и дека носела дури три венчаници.
Фото: Инстаграм
По повод одбележување на нивната прва годишнина Рита Ора откри дека таа го запросила својот сопруг Таика.
Фото: Инстаграм
Тие свадбата ја испланирале за само две недели откако Рита му го поставила „тоа“ прашање за време на нивно патување во Палм Спрингс.
Фото: Инстаграм
Познатата пејачка носеше бајковита венчаница, а потоа уште два фасцинантни бели фустани што оставаат без здив.
Фото: Инстаграм
Првите фотографии од венчавката ги сподели Вог, а Рита откри дека трите различни стајлинзи се од британскиот дизајнер Том Форд.
Тие се заколнале на вечна љубов во Лос Анџелес, што може да се види и од фотографиите што „испливаа“ на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм
Ме запроси, а јас веднаш кажав да, откри Ваитити и додаде дека на венчавката имало само осум луѓе – снајблиските пријатели и семејството, додека родителите настанот го следеле на Зум.