Никола и Бојана се во брак од 2016 година, а веќе ги имаат шестгодишната ќерка Леона и тригодишниот син Симеон а во јануари годинава ја добија и другата ќерка на која и го дадоа името Ангелина.
фото инстаграм/Никола Роквиќ
Никола често споделува семејни фотографии на Инстаграм, а сега во описот на една од нив објасни колку навистина му е важно семејството.
фото инстаграм/Никола Роквиќ
Српскиот пејач Никола Роквиќ сподели фотографија со сопругата Бојана и децата, а во описот рече дека семејството е се за што живее.
фото инстаграм/Никола Роквиќ
Фотографијата која ја објави е од крштевката на неговото трето дете.
фото инстаграм/Никола Роквиќ
„Сето мое богатство. Одејќи по улица денес, си помислив: „Боже, кога ќе остарам и ќе погледнам наназад на целиот мој живот и на себе. Кои ќе бидат работите за кои живеев? Живеев со Божјата љубов кон моето семејство и сите луѓе кои Господ ги испрати во мојот живот со својата благодат.Ниту една средба на овој свет не е случајна, секоја средба може да биде возвишена и врзана за вечноста ако ја збогатиме со љубов, благодат и жртва. Чувајте го единственото вистинско богатство, чувајте ги луѓето “, напиша тој во описот.
фото инстаграм/Никола Роквиќ
„Прекрасно семејство“, „Браво Никола, многу среќа и здравје“, „Биди секогаш среќен“, „Какво убаво семејство“, „Прекрасни сте“, се само дел од коментарите.
фото инстаграм/Никола Роквиќ
фото инстаграм/Никола Роквиќ