Реклама
CelebrityИнтервју

Првата жртва во Куманово лично ја познавав: Елена Стефановска искрено за „Гламур“

Реклама

Бидете добри луѓе. Тоа е најважно. Доброто секогаш го победува злото, порачува ТВ-водителката и инфлуенсерка Елена Стефановска која за „Гламур“ раскажува како ѝ поминуваат деновите во самоизолација.

Авторката на шоуто „Живот со стил“ будно ги следи настаните, особено откако првиот смртен случај во Македонија од коронавирус беше токму во нејзиното родно Куманово. Жртвата и лично ја познавала, а за кого станува збор открива во ова интервју.

Како вообичаено ти поминува еден ден во карантин?

Маркетинг

– Морам да признаам дека чувствувам страв и дека сум дисциплинирана во однос на сите препораки. Целата оваа вонредна состојба ја сфаќам како ноќен кошмар кој за кратко време ќе помине.

Маркетинг

Деновите во карантин ги поминувам со партнерот. Се обидуваме да живееме вообичаено. Не купуваме панично и правиме резерви колку да не треба секој ден да одиме во маркет и дополнително да се изложуваме. Гледаме филмови, еден од нив е „Еверест“ кој топло го препорачувам, готвиме заедно, заеднички ги извршуваме сите домаќински работи, малку повеќе внимаваме на имунитетот.. Во суштина тоа го практикувавме и претходно, со таа разлика што сега имаме повеќе време само за нас.

Секако од дома и работам. Секојднено комуницирам со колегите од мојата матична ТВ куќа 24 и со јавните личности кои ми испраќаат мотивирачки видеопораки кои зрачат со позитивност.

Претходно редовно те гледавме во теретана. Како сега ја одржуваш кондицијата?

– Со јога вежба упатувам поздрав до сонцето. Практикувам рекреирање секој ден, истегнување и некои основни вежби кои дополнително ми го хранат духот.

Која е лекцијата што ја совлада во овој период на самоизолација?

– Можеби ова што ни се случува е порака од природата дека не требе да бидеме алчни за време, за пари, за внимание, за успеси.. Сите сакаме да се докажуваме, да бидеме најдобри. Барем јас бев нескротлива во своите амбиции, па често заборавав да им се јавам на моите најблиски, да прашам како се.. Можеби тоа е жртвата која ја правев за мојата работа.

Планетата Земја нѐ затвори и нѐ предупреди дека треба малку повеќе да си го почитуваме семејството, нашето здравје пред сѐ и да си го пронајдеме внатрешниот мир. Забораваме дека имаме скапоценост која што ја поседуваме, а која многу лесно можеме да ја изгубиме.

Деновиве во фокусот е твоето родно Куманово како ризично подрачје, градот во кој сѐ уште живеат и твоите родители. Како се тие?

– Добри се, фала му на Господ. Секојдневно комуницирам со нив, постојано ми упатуваат совет да седам дома. И ти се во паника во целата ситуација чекајќи сето ова побрзо да заврши. Изразувам длабоко сочуство и до првата жртва која лично ја познавав. Беше тетка на моја блиска другарка и жалам за целата ситуација. Ова нека биде уште еден апел да ги почитуваме препораките.

Елена, се согласуваш ли дека животот на некој начин ни дава втора шанса и дека ова е идеално време сите да поработиме на себе?

– Апсолутно! Мојот совет пред сѐ е да бидеме добри луѓе. Тоа е најважно. Доброто секогаш го победува злото. Уживајте со најблиските, посетете си време на себе. Карантинот перцепирајте го како една убава психолошка пауза и добро размислете што ќе биде кога ова ќе помине. Многу е важно добро да размислите кои сте и што сакате да бидете во животот. Бидете добри луѓе и верувајте во Господ. Божјата милост на сите ќе ни помогне!

(М.Ј.С.)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button