Првата дама на Македонија во издание со кое ги мами погледите – овој детаљ е хит во светот на модата
Креација што би им стоела убаво на сите жени
Нашата Прва дама ги воодушеви сите.
Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, во уште едно беспрекорно модно издание.
Таа како и секогаш знае да ги воодушеви сите со својот елегантен моден избор, а така беше и овој пат.
Имено, Првата дама на Македонија се појави на еден настан за подигање на свеста за редовно посетување на дерматолог, превенција и рано откривање на меланомот облечена во бело од глава до пети.
Во прашање е креација со долги ракави зачинета со „хеклани“ детали, која Бети ја носеше со тенок ремен во беж нијанса.
Првата дама на овој начин ја истакна својата тенка половина, а целото издание го „зачини“ со бели високи потпетици.
Во прашање е модел на фустан кој фантастично ја истакнува женската половина и кај оние жени на кои што им е потребно, потенцијално може да го избрише вишокот килограми во пределот на бутовите.
Како и секогаш, Бети и овој пат имаше беспрекорно средена фризура, така што ова нејзино издание е вистински моден погодок.
Тоа може да им биде инспирација на дамите што бараат едноставно, а впечатливо парче во кое ќе изгледаат како господарки на стилот.
Нијанса што треба да ви е во фокусот
Покрај белата боја која секогаш е ИН кога станува збор за топлите месеци, оваа сезона треба да обратите внимание на уште една нијанса.
Во прашање е крем нијансата на беж бојата која изгледа суптилно и неизмерно елегантно за комбинирање.
Поинтересна од белата и понежна од класичната беж боја, оваа крем варијанта е идеален избор за сите оние што сакаат да преминат од деловно во свечено издание, без да го менуваат аутфитот.
Нијансата може да ги задоволи и двата контексти, а колку е посакувана зборуваат и актуелните колекции на познатите брендови.
Овој тренд веќе на големо го тестираат светски познатите вљубенички во модата, а неколку вакви изданија погледнете во галеријата.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм