Првата дама на Македонија во бело од глава до пети – Елизабета блескаше, никогаш не изгледала поубаво
Набавете еден од овие фустани на првата дама на Македонија и ќе заблескате во секоја пригода
Новото издание на нашата Прва дама е вистинско освежување
Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше на еден настан на кој беа презентирани постигнувањата на иницијативата „Училиштата што го унапредуваат здравјето“.
И како и во претходните прилики, Бети и овој пат беше беспрекорно облечена и со своето присуство ги воодушеви сите.
Првата дама за оваа пригода избра бел фустан со должина до под колената и кој благо се шири во здолништето, а целото издание го зачини со тенко ременче во беж нијанса и беж салонки.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
И за разлика од ова свое издание во кое блескаше облечена во бело од глава до пети, Бети, само еден ден претходно пак, на еден друг настан, се појави во монохроматско црно издание и повторно го украде шоуто. Фустанот и овој пат беше во главна улога во нејзиниот стајлинг, а како шармантната Прва дама на Македонија изгледаше и во ова свое „all-black“ издание, погледнете во продолжение…