Реклама
Стил

Првата дама на Аргентина може да ја засени и Меланија Трамп – феноменалните модни комбинации на модерната Џеки Кенеди

Реклама

Аргентинскиот претседателски пар беше на турнеја низ Азија, а покрај политичките теми, во преден план беше и модниот стил на првата дама на Аргентина, Џулијана Авада.

Прекрасна бринета не може да остане незабележана каде и да се појави, а нејзините релаксирани и елегантни модни комбинации ги воодушевуваат модни експерти од целиот свет. Затоа и модните критичари ја нарекуваат аргентинската Џеки Кенеди. Нејзиниот вкус за модата не е изненадувачки со оглед на тоа што доаѓа од сириско-либанско семејство кое поседува неколку модни брендови, а додека не стана прва дама таа и самата беше една од вработените.

Маркетинг

Стилот на аргентинската Џеки е опуштен и изразито женствен. Таа најмногу сака лежерни фустани, особено оние со цветни и необични дезени, но не се плаши да ризикува и со обични фармерки кои ја потенцираат нејзината витка фигура. Речиси никогаш не претерува со шминка, негува природен изглед и фризурата најчесто и е опуштена.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bqx9X9CFZq8/

 

Бидејќи совршено ја познава модата, нема свој стилист, па така самата ги избира комбинациите и ретко може да погреши.

За време на нејзината посета на азиските земји, често избираше лежерни фустани, но исто така и туники за да им оддаде признание на земјите што ги посетуваше. Погледнете дел од најубавите модни комбинации што Џулијана ги носеше за време на оваа турнеја.

https://www.instagram.com/p/BqztTjfFgo7/

https://www.instagram.com/p/Bq017jjlboh/

https://www.instagram.com/p/BuBT13BlVAb/

https://www.instagram.com/p/BuHKFIeFttj/

https://www.instagram.com/p/BuD_ywgF441/

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button