Прва фотографија од тајната крштевка на синот на Шерифовиќ – пејачата го покажа и кумот
Марија ја објави првата фотографија од крштевката на синот на денот на Св. Василиј Острошки

Сподели емотивна објава
Марија Шерифовиќ на денот на нејзината куќна слава, Свети Василиј Острошки, го крсти својот син Марио.
Како што објавија медиумите, крштевката беше во црква во Белград, а сега на социјалните мрежи сподели и фотка од настанот.
Имено, познатата пејачка објави фотографија од крштевката направена во црквата, а на која се гледа како кумот го држи нејзиниот наследник додека свештеникот го обавува овој свечен чин.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Вчера го славевме Василиј Острошки, потоа мојот прв Американски Ден на мајките, но и крштевката на којот мал синоок мек, памучен принц. Стана Божјо дете и Бог и Свети Василиј нека те чуваат од секое зло, а јас ќе те чувам од тага и луѓето“, напиша Шерифовиќ во коментарот на фотографијата.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Потсетуваме, Свети Василиј Острошки е куќна слава на семејството на Марија, од нејзиниот татко Рајко.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Пејачката пред крштевката сподели фотографија на Инстаграм од својот дом со која ја честиташе славата.
Потоа Марија организираше журка во еден познат ресторан во Белград, а како сето ва изгледаше, погледнете во продолжение…