Прва фотографија од Бојана Родиќ по породувањето – многумина ИЗНЕНАДЕНИ од необичното име што му го дадоа на синот
Бојана Родиќ роди здраво машко дете…
Цела вечер се славеше во домот на пејачката Гоца Божиновска чие семејство стана побогато за уште еден член.
Сопругата на Мирко Шијан, Бојана Родиќ, се породи и покрај малиот Зоран, кој сега има и братче, во домот пристигна уште едно машко дете.
Најубавите вести на социјалните мрежи прва ги сподели сестрата на Мирко, Зорана, која објави фотографија од Бојана и напиша:
„Браво снао, се роди Вукан“, а потоа и гордиот татко своите емоции ги искажа преку социјалните мрежи.
Името Вукан има старословенски корени и во времето кога се верувало дека имињата имаат магично дејство, децата добивале име Вук или Вукан со кое родителите ги плашеле „злите духови“ и така водено своето поколение го чувале од болести и сé што е лошо.
На социјалните мрежи веста ја потврди и гордата баба која е пресреќна што доби уште едно внуче и тоа на својот роденден.
„Да, станав баба! Тие се моите два змеја! И бебето и мајката се одлично. Добив внук на својот роденден, пресреќна сум! Најверојатно сум чиста пред Бога, па ја добив оваа награда“, изјави Гоца не сокривајќи ги своите емоции.
Инаку, и Бојана објави фотографија од болницата каде што се породи пред три дена, а се сликаше во креветот.
Она што ги воодушеви сите е тоа што сопругата на Шијан се сликаше без шминка и покажа како изгледа само два дена откако на свет го донесе малиот Вукан. Таа позираше во болничка ноќница и направи селфи со кое го откри своето убаво лице без грам шминка на него.
Нејзината фотографија од породилното како и останатите фотографии погледнете ги во галеријата:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм