Прва фотографија од бебето на Мартин Некст тајм – ова е ракометарката што му ја роди ќеркичката
Музичарот никогаш посреќен
Ракометарката Андреа Белеска (30) се породи пред два дена и на овој свет донесе девојче на кое со Мартин и го дадоа името Лиана.
Близнакот од „Некст тајм“, Мартин Филиповски, и неговата сакана Андреа Белеска ги уживаат првите денови како родители.
Нашата позната ракометарка се породи пред само неколку дена, а на социјалните мрежи осамна и првата фотографија од бебенцето.
Инстаграм
Имено, Мартин и Андреа си добија ќеркичка, па на Инстаграм се појави и првата фотографија од малата Лиана.
Очигледно дека мама и бебето се чувствуваат добро, па Лиана беше подготвена и за својата прва фотосесија, додека новопечениот татко веќе го прославил доаѓањето на приновата во семејството.
Инстаграм
Потсетуваме, Мартин и Андреа беа во врска осум години пред заедно да поминат под олтарот и да се заколнат на вечна љубов.
Инстаграм
Тие на лудиот камен застанаа во јуни месец 2023, додека Мартин својата сакана ја побара за жена една година порано.
Инстаграм
Белеска е родена во Кичево 1994 година, а во 2014 беше прогласена за најдобра ракометарка во Македонија.
Инстаграм
Инстаграм
Беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимахале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК, додека нејзиниот сакан е дел од легендарните „Некст тајм“, групата во коа Мартин свири на гитара, а неговиот брат Стефан е водечки пејач.