Луна Џогани денеска се породи со царски рез и по втор пат се оствари во улога на мајка.
фото инстаграм/Луна Џогани
Бебето се роди тешко 3 килограми и 600 грама, 53 сантиметри а го доби името Лана.
Гордиот татко се пофали на социјалните мрежи и напиша: Добредојде Лана – гордо рече Марко Миљковиќ.
фото инстаграм/Луна Џогани
Луна и Марко се пресреќни поради приновата а недолго по породувањето таа се огласи на својот Инстаграм каде ја сподели првата заедничка фотографија со наследничката Лана.
Марко прво славеше во својот дом по доаѓањето на бебето, а потоа отиде во породилиште да ги посети мајката и бебето.
Луна во описот на фотографиите напиша емотивна порака.
ж
фото инстаграм/Луна Џогани
– Здраво, јас сум Лана Миљковиќ, родена сум на 04.10.2023 година во 09:00 часот! Нашата Лана е во наши раце и што повеќе да посакам, само благодарност до Бога за се што ни дал! Ќе бидеш најсакана на светот, а сигурна сум дека ќе ја имаш најдобрата сестра на светот! Ни недостига нашата прва бубачка – напиша поранешната учесничка во реалното шоу.
фото инстаграм/Луна Џогани
По породувањето на Луна и гордата баба Анабела сподели фотографија на својата инстаграм приказна:
фото инстаграм/Луна Џогани
Нема сомнеж дека Анабела е пресреќна и благодарна што породувањето поминало во најдобар ред.
фото инстаграм/Луна Џогани
Луна прво објави видео на кое мајка и ја држи малата Миа во раце, додека таа плаче како дожд, а во описот напиша „една е мајка“.