Водителката на Утринска програма на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ, по тешката сообраќајна незгода се уште се наоѓа во Воено медицинската академија во Белград.
Иако помина веќе месец и пол од самата несреќа, се уште ја нема напуштено силниот дух, па за прв пат објави и фотографија на социјалната мрежа Инстаграм со нејзината мајка и го напиша следното:
„Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку е победа над него. Храбар човек не е оној кој се чувствува уплашено, туку оној кој ќе го надвладее тој страв“, пишува во коментарот на водителката.
Само да потсетиме, несреќата се случи на 6. феевруари кога по сообраќајка водителката излезе од автомобилот, а на неа налета автобус и и ја откина раката, а лекарите по долгата операција, успеаа да и ја спасат.