Прва фотографија на бебето на Борис Џонсон – синот го крсти според докторите што му го спасија животот од коронавирусот
Бебето на Џонсон е именувано според докторите кои му го спасиле животот на британскиот премиер.
Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс објавија на социјалните мрежи дека го именувале својот новороден син Вилфред Лури Николас Џонсон.
Гордите родители го покажаа својот син, кој е роден во средата, а за неговото средно име Николас се вели дека му е дадено во знак на благодарност до лекарите кои му го спасиле животот на Борис Џонсон, откако беше заразен со вирусот корона.
„Ви го претставуваме Вилфред Лури Николас, роден на 29 април 2020 година во 9 часот. Вилфред по дедото на Борис, Лури по мојот дедо, и Николас според д-р Ник Прајс и д-р Ник Харт – двајца доктори кои минатиот месец му го спасија животот на Борис. Ви благодарам многу, посебно до неверојатниот породилен тим во „UCLH“ кој се грижеше за нас. Не можев да бидам посреќна. Моето срце е исполнето“ – напиша свршеницата на британскиот премиер.
Prime Minister Boris Johnson and Carrie Symonds have named their baby boy Wilfred Lawrie Nicholas Johnson. Ms Symonds shared the joyous news with this photo on her instagram account. pic.twitter.com/hEYiF9WLeQ
Маркетинг— Luke Addis (@mrlkdds) May 2, 2020
Исто така беше откриено и дека Борис Џонсон добил честитка од Војводата од Кембриџ во петокот попладне.
Џонсон зад себе има два брака, а ова му е шесто дете.