Прва фотографија на Бали-бег и Неџла со бебето – мајката го напушти породилното, малиот Каран веќе му се радува на братчето!
Познатиот пар Фахриеј Евџен и Бурак Озчивит пред неколку дена по втор пат се остварија во улога на родители.
Шармантната турска актерка Фахрие Евџен се породи на 18 јануари кога во нивното семејство пристигна уште еден син на кого му го дадоа името Керем.
Фахрие вчера излезе од породилното кога на кратко им се обрати на новинарите кои ја чекаа пред болницата.
„Породувањето помина во најдобар ред. и бебето и јас сме добро“.
Популарниот Бали-бег изјави дека нивниот помлад син посебно се радува што ќе добие братче и откри дека присуствува на породувањето.
„Реакциите на Каран се одлични. Одвај чека да го запознае братчето. Искрен да бидам, сите не изненади. Дали присуствував на породувањето? Па, секако, го дочекав и Каран и Керем, тоа е сјајна работа. Благословен сум“, им одговори популарниот турски актер на новинарите.
Инаку, Евџен само неколку дена пред породувањето ги вознемири своите фанови на социјалните мрежи. Турските медиуми објавија дека последните денови од бременоста на познатата актерка и биле тешки.
Тогаш Евџен на Инстаграм објави: „Се сеќавам дека беше еден добар сон“, коментар што го оставила на следната фотографија.
Познатиот пар последен пат заедно позира за Нова година, заедно со својот син Каран.
Фахрие објави и една своја фотографија на која со рацете го држи нејзиниот голем труднички стомак, со напомена:
„Наскоро доаѓа времето кога ќе се запознаеме.“
Нејзината објава тогаш за само 2 часа доби речиси милион лајкови, а коментираше и нејзиниот сопруг кој напиша „Чекаме“.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм