Права домаќинка: Погледнете какви јајца извапца Маријана во Австралија – ЧИСТА ДЕСЕТКА
Македонската пејачка се покажа како вистинска домаќинка, а нејзините Веигденски јајца се чиста десетка.
Маријана се пофали на Фејсбук и покажа како ги украсила јајцата годинава.
Некогашната македонска пејачка Маријана Новаческа веќе долги години заедно со своите деца живее и работи во Австралија.
Некогашната пејачка која беше дел од дуото кое беше составено од неа и нејзината сестра близначка Росана одлучи својата успешна кариера како пејачка овде во Македонија да ја напушти и да замине во потрага по подобар живот во Австралија.
Заедно со двете деца, синот Филип и ќерката Билјана кои ги доби од бракот со композиторот Тоде Новачески таа се пресели во Мелбурн, каде музикаа ја замени со медицината.
Доста е акивна на својот Фејсбук профил каде често објавува хумористични статуси, а неретко и семејни фотографии.
Маријана е сега горда баба која ужива времето да го поминува со најсаканите.
Нејзини соседи се пејачите Новица и Тања Лазаревски со кои скоро секој ден се дружат, заедно патуваат и уживаат во убавините на Австралија.
Публиката од македонија ја обожава и ја следи на Фејсбук, каде таа објави фотографии и се пофали како годинава ги извапцала Велигденските јајца.
Доста е креативна и секоја година има навистина прекрасно украсени јајца.
„Нека и овие празници ве осветлуваат со среќа, љубов, мир и спокој. Среќен Велигден Македонијо“, напиша таа во опис на фотографиите.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новческа