Вести

ПОЧНАА СЛАВИТЕ, НИКОГАШ НЕ НОСЕТЕ ВАКВИ ПОДАРОЦИ КАЈ ДОМАЌИНИТЕ: Се верува дека ќе му донесат голема несреќа

Advertisement

Некои работи едноставно не се прават

Кога одите да купувате подароци за куќна слава, не заборавајте дека има работи за кои се верува дека не се даваат бидејќи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на личноста на која и ги подарувате!

Advertisement

1. Остри предмети

Ножици, ножеви и други остри предмети привлекуваат негативна енергија како магнет. Можете да ги купите за себе, но не како подарок за некој друг.

2. Огледалото

Се верува дека магијата е заробена во огледалата и затоа не треба да се купува како подарок. Наводно, подарените огледала му носат неволја во животот на оној што ги прима.

3. Медицински помагала

Мерачите за притисок, масажерите не треба да се купуваат или прифаќаат како подароци, бидејќи се верува дека го влошуваат вашето здравје.

4. Садови за кујна

Ако сакате да подарите некому тенџере или чаши, ставете паричка во секое тенџере. Празните садови носат сиромаштија.

5. Часовник

Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето на часовникот како подарок го означува почетокот на одбројувањето до смртта. Исто така, тие веруваат дека подарениот часовник предизвикува прекин во врската или далечина.

6. Паричник

Исто како и садовите, паричникот не се подарува празен. Ако подарите празен паричник, привлекувате сиромаштија или губење паричник, пари, скапоцености…

7. Бисери

Се верува дека подарените бисери носат болести и загуби во куќата. Бисерите се симбол на солзите на сирачињата и вдовиците и токму затоа настанало верувањето за подарување бисери.

8. Марама или шамија

Тие внесуваат неволји и лоши луѓе во животот на оној што добива таков подарок.

9. Бидете внимателни со книгите

Можете да ги дадете на пријателите и роднините, но не и на вашиот сопружник. Се верува дека овој подарок во бракот може да привлече предавство.

Без разлика дали сте суеверни или не, кога купувате подарок за некој близок, запомнете – она ​​што е дадено од чисто срце и љубов, не може да донесе несреќа со себе!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button