Реклама
Вирално

Почнаа да ги казнуваат Македонците со бугарски пасош – казните НЕ се воопшто мали!

Реклама

Македонци со бугарско државјанство казнети по 10о0 лева

Македонските граѓани Г.И. (50) и М.М. (54) се казнети од Окружниот суд во Ќустендил поради давање фалсификувани документи. Имено, тие сакале да го излажат Министерството за внатрешни работи и дале лажни податоци во декларацијата за да им биде издадена возачка дозвола.

Маркетинг

И двајцата имаат бугарски пасош и се казнети со по 1000 лева (околу 500 евра), јави Бугарската телеграфска агенција (БТА), пренесува Експрес.мк.

Тие писмено декларирале дека живеат во Бугарија иако и двајцата живеат во Македонија, со цел да добијат важечка возачка дозвола со која ќе возат да работат како шофери во земјите од Европската унија.

Маркетинг

Инаку, и покрај тоа што пред извесен период започна истрага за издавањето на државјанство на граѓани кои не се Бугари, се уште многу Македонци поднесуваат документи за пасош. Според извори блиски до бугарските медиуми, Македонците се „привилегирани“ при добивање на бугарски пасош, а своевремено биле ангажирани и преку 100 „медијатори“ кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред бугарските институции за да се извадат бараните документи.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button