ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ПЕЈАЧКА: Ова се сите детали

Околностите на нејзината смрт сè уште се мистерија!
Музичката индустрија беше обвиена во црно по веста за смртта на легендарната пејачка Мери Вајс, членка на хит групата „Шангри-Лас“. На 75-годишна возраст, Мери го напушти овој свет оставајќи зад себе неизбришлива трага во историјата на музиката.
Групата „Шангри-лас“ беше позната по своите хитови во 60-тите години, а нивните песни одбележаа едно време. Песните како „Leader of the Pack“ и „Remember (Walking in the Sand)“ остануваат класици што ја одбележаа ерата на музиката и во кои сè уште се ужива низ целиот свет.

Иако јавноста е потресена од веста за смртта на Мери Вајс, деталите околу нејзината смрт сè уште не се познати.
Според извештајот на The Sun, околностите околу нејзината смрт сеуште не се откриваат, оставајќи многумина во неизвесност и тага.
Мери Вајс засекогаш ќе остане запаметена како неповторлив талент и икона на музичката сцена. Нејзиниот глас, стас и сценски настап оставија длабок впечаток и инспирираа генерации музичари ширум светот.
Нејзиното наследство ќе живее преку нејзината музика и влијанието што го имаше врз целата музичка индустрија.

Заминувањето на Мери Вајс остава празнина во музичкиот свет која тешко ќе се пополни. Семејството, пријателите и обожавателите изразуваат сочувство и се сеќаваат на нејзиниот придонес во музиката.
Нејзините хитови засекогаш ќе останат дел од музичката историја, а нејзиното сеќавање ќе живее преку нејзината музика, која ќе продолжи да ги допира срцата на добрите љубители на музиката ширум светот.




