Почина славниот музичар, ги напиша најубавите хитови, никогаш нема да излезат од мода

Тапанарот на групата „The Gang“, Џорџ Браун, познат и по прекарот „Фанки“, почина на 74-годишна возраст.
Извори блиски до познатиот музичар открија дека тој долго време се борел со напреднат рак на белите дробови.
Џорџ Браун почина во четвртокот вечерта во својот дом во Лос Анџелес.
„Џорџ Браун, еден од оригиналните членови на Kool & The Gang, тој беше тапанар и текстописец на групата и имаше неверојатна 59-годишна кариера со Kool & The Gang“, се вели во таѓната вест за славниот музичар.

Фото: Фејсбук
Браун компонираше многу хит песни за познатиот бенд, вклучувајќи ги Ladies Night, Too Hot, Jungle Boogie, Celebration и Cherish.
Откако му беше дијагностицирана тешка болест, Браун закрепна некое време и повторно се приклучи на својот бенд, но за жал и подмолната болест му го зеде животот.





