Реклама
Uncategorized

ПОЧИНА ПОЗНАТ АКТЕР: Заминува уште една ЛЕГЕНДА

Реклама

Веста за неговата смрт ја соопшти неговата сопруга

Актерот Марк Годард почина на 87-годишна возраст.

Тажната вест ја соопштила неговата трета сопруга Евелин Пекулич, а како што изјавила, причина за смртта е белодробна фиброза.

Маркетинг

Тој беше најпознат по неговата улога на мајорот Дон Вест, лутиот пилот на Јупитер 2, во авантуристичката серија од 1960-тите на CBS „Изгубени во вселената“.

Маркетинг

Во изјавата објавена на Фејсбук, сопругата на актерот, Евелин Пецулич, потврди дека актерот бил хоспитализиран со пневмонија, а потоа префрлен во центар за рехабилитација, каде што лекарите откриле дека е во завршна фаза на белодробна фиброза.

Колегата на Годард од „Lost in Space“, Бил Муми, исто така, ја потврди неговата смрт преку изјава на Фејсбук.

„Почивај во мир Марк Годард. Навистина сакан пријател и брат за мене веќе 59 години. Знаев дека ова доаѓа во последните неколку месеци.

Набргу по одличниот телефонски разговор што тој и јас го имавме на неговиот 87-ми роденден кон крајот на јули, станав свесен дека најверојатно никогаш повеќе нема да го видам или да разговарам со него. Последните зборови што ги разменивме беа ‘Те сакам’.“, напиша Бил.

Роден на 24 јули 1936 година како Чарлс Харви, Годард бил израснат во крајбрежниот град Сцитуејт, Масачусетс.

Студирал на Американската академија за драмски уметности пред да се пресели во Холивуд во 1959 година, каде што се појавил во проектите „The Rifman“ и ТВ филмот „Woman on the Run“, со Џоан Крафорд во главната улога и во режија на Дик Пауел.

Марк продолжил да работи на проекти, преземајќи улоги во „Johnny Ringo“ и „The Detectives“. Откако се појавил во епизодите од бројни други ТВ емисии, Годард потоа се приклучил на серијата „Lost in Space“.

За време на неговата работа во оваа серија, Годард се појавил и во филмовите „The Monkey’s Uncle“ и „A Rage to Live“ во 1965 година, како и „The Love-Ins“ во 1967 година.

По завршувањето на серијата, Годар започнал со работа на сериите „Оne Life to Liveе“ и „General Hospital“, a бил дел и од филмот „Blue Sunshine“ од 1977 година.

Годаaр го завршил своето колеџ образование, магистрирал и предавал на деца со специјално образование повеќе од 20 години во неговата родна држава.

Преку социјалните мрежи од него се збогуваат многу колеги на познатиот актер, и пријатели.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button