Реклама
Вести

Почина пејачот од шоуто „Никогаш не е доцна“ – се бореше как лав, но болеста, за жал, беше посилна!

Реклама

Се бореше како лав, но болеста, за жал, беше посилна

Драгутин Димитријевиќ Гута од Белград, поранешен учесник на музичкото шоу „Никад није касно“, ненадејно почина на 59-годишна возраст по кратко и тешко боледување.

Маркетинг

Според Гранд, здравјето на Гута нагло се влошило откако го загубил својот брат.

Се бореше како лав, но болеста, за жал, беше посилна.

Маркетинг

Гута беше еден од фаворитите меѓу пејачите и другарите од натпреварувањето во кое стигна до полуфиналето.

За време на неговото учество во шоуто, тој често се шегуваше и велеше дека фармерките не се за на сцена, и дека од почит кон публиката секогаш треба да се носат одела.

За време на својата богата кариера запознал големи уметници со кои соработувал, но најголем впечаток му оставила Маја Оџаклијевска.

Да потсетиме, Драгутин Гута Димитријевиќ е роден во 1965 година во Белград.

Потекнуваше од музичко семејство, а од најраното детство беше љубител на хармоника.

Завршил средно музичко училиште во главниот град на Србија, по што се вработил во полицискиот оркестар.

– Една од причините зошто Гута не го видовме порано на натпреварот е тоа што на полицајците не им е дозволено да се експонираат во јавноста – откри тогаш Жика Јакшиќ, што Драгутин го потврди.

Сепак, дури и тогаш не беше доцна да ги освои симпатиите на милионската публика кога се пријави за шоуто на Жика само две години пред неговото пензионирање.

Гута често низ смеа велеше дека сака да го сподели својот „подарок“ со блиски луѓе и колеги кои му беа неизмерна поддршка за време на натпреварот, пренесува Гранд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button