Почина и Алма (26), другарката на Азра (25) која исто така беше докторка – и двете беа прегазени на пешачки премин од пијан возач
Голема трагедија што го потресе целиот регион
Почина и Алма Суљиќ (26) втората млада докторка која во петокот вечерта, на 26 март, во центарот на Сараево, беше прегазена на пешачки премин од автомобил управуван од лицето Армин Берберовиќ.
Младата докторка во претходните неколку недели беше во критична состојба и нејзината ситуација постојано беше следена од докторите.
Но заради фаталните повреди што ги здоби по ударот од автомобилот почина во текот на вчерашниот ден, пишува босанскиот „Клих“.
„За една младост што никогаш нема да помине, за убавината што ја украдоа. Денес последното испраќање на докторката Азра (25) која на пешачки премин ја усмрти несовесен возач, пишува во објавата на Фејсбук.
Како што пишува овој медиум, Алма е од Сараево.
Таа работела во Домот за здравје во Зеница. Кобната ноќ Берберовиќ со своето возило на пешачки премин удрил во три лица.
Азра Спахиќ почина на лице место, а двете девојки веднаш беа префрлени во болницата за да им биде укажана помош.
Страшната несреќа го потресе целиот регион, посебно што се работи за млади девојки, по професија докторки.
Докторката Азра имаше 25 години, а нејзината пријателка Алма, која исто така беше докторка, беше само една година постара.
Покрај нив беше повредено уште едно лице, со иницијали С.Е. (21) кое помина со полесни повреди и беше пуштено на домашно лекување.
По истрагата утврдено е дека Берберовиќ возел под дејство на алкохол, побрзо од дозволеното и без положен возачки испит.
Докторка и уметница
Азра која што на лице место беше усмртена од несовесниот возач во својот град беше позната и како уметница.
Неколку нејзини дела погледнете во продолжение:
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук