Вести

Почина актерот Ричард Раундтри, ѕвездата на филмот „Шафт“

Advertisement

Ричард Раундтри почина

Тој е познат по улогата на афроамериканскиот приватен детектив Џон Шафт во серијата филмови „Шафт“.

Advertisement

Американскиот актер, „првиот црн акционен херој“, најпознат по улогата на приватниот детектив Џон Шафт во филмот „Шафт“ од 1971 година и продолженијата „Шафт Биг Скор“ и „Шафт во Африка“, но и по улогите кои се занимаваат со расните односи во Америка, почина во вторникот на 81-годишна возраст, изјави неговиот менаџер за Hollywood Reporter

Раундтри почина во својот дом во Лос Анџелес од рак на панкреасот, изјави менаџерот Патрик Мекмин.

„Работата и кариерата на Ричард претставуваат пресвртница за Афроамериканците во филмската индустрија. Влијанието што тој го имаше врз индустријата е несомнено“, рече Мекмин во изјава за Variety.

Раундтри се прослави со филмот ‘Shaft’, кој припаѓа на таканаречениот жанр blaxploitation. Станува збор за филм од 1971 година за приватен детектив од њујоршкиот Харлем, а тој ја повтори улогата во продолженијата и ТВ сериите.

Улогата на груб уличен лик, полицаец облечен во шарени кожени јакни и популарната музичка тема на Исак Хејс придонеле за неговата популарност меѓу белата публика во седумдесеттите, пишуваат американските медиуми.

Раундтри, исто така, глумеше во ТВ-серијалот „Корени“ за ропство на ABC од 1977 година и се прослави како смелиот моторџија Мајлс во филмот „Земјотрес“ од 1974 година.

Меѓу неговите највпечатливи филмови е „Беше еднаш… Кога бевме обоени“ од 1996 година, приказна за тесно поврзана црна заедница која се соочува со расизам во повоениот Мисисипи.

Roundtree продолжи да снима редовно до самиот крај, завршувајќи 159 актерски улоги. Според IMDB.com. неговите три филмски проекти допрва треба да се емитуваат. Тој има четири ќерки од два брака, Никол, Тејлер, Морган и Кели Раундтри и синот Џејмс, пишува Variety.

Неговата работа и кариера беа пресвртница за доделување на главни улоги во филмови на афро-американски актери, според Variety.

Раундтри имаше улога и во револуционерната телевизиска драма на ABC за ропството – „Корени“ во 1977 година, објави Ројтерс, истакнувајќи дека тој продолжил да снима до крајот и дека неговите три проекти допрва треба да бидат прикажани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button