Реклама
Наши ѕвезди

Почивај во мир мило девојче. На нив Господ ќе им пресуди – емотивни пораки на познатите за малата Вања

Вања, никогаш нема да те заборавиме...

Реклама

Веста за исчезнувањето, но и пронаоѓањето на безживотното тело на 14 годишната Вања Ѓорчевска го потресе целиот регион.

По девојчето се трагаше со денови, а вчера од обвинителството соопштија дека нејзиното тело е пронајдено во селото Бразда, во близина на Скопје, и дека се приведени осомничените што ја киднапирале.

Како што информираа од МВР девојчето е убиено во понеделникот, некаде околу 10 часот, најверојатно затоа што киднаперите се исплашиле дека можат да бидат пронајдени откако нејзината мајка пријавила во полиција. Извршителот на убиството, според изјавите на приведените лица, во моментот е во бегство и не им е достапен на органите на прогонот.

Маркетинг

Фото: МВР

Пронајдено е и телото на Панче Жежовски (14) од Велес за кого беше пријавено дека исчезнал на 22 ноември.

Маркетинг

Како што соопштија од обвинителството истите луѓе на кои им е одредена мерката притвор стојат и зад неговото убиство.

По трагичниот настан се огласија голем број познати лица, а една од нив е и Тијана Дапчевиќ која не крие дека е скршена од исходот на истрагата и злосторството што го потресе регионот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Тага.. Немоќ… Бес… прости ни, Вања. Сочувство до семејството“, напиша Тијана со емотикон скршено срце црно бела фотографија од Вања.

„Мила Вања прости ни за нашата недоветност, прости ни за суровоста, прости ни што те пуштивме сама, прости ни што не умееме да си простиме. Ти си жртва на нашето болно општество. Слава ти“, пишува на една од пораките што пејачката ги објави на својот Инстаграм профил.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На социјалните мрежи се огласи и Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Каролина Гочева и многу други наши познати лица.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Ах Вања… не запираат солзите, како да те познавам. Почивај во мур. На нив Господ ќе им пресуди!“, напиша Елена Ристеска.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Прости ни Вања. Патувај кон бескрајот. Ние нема никогаш да те заборавиме и нема никогаш да си простиме💔 Сочувство до семејството. Нека почива во мир“, сподели Тамара Тодевска на својот профил.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Немам зборови за оваа ужасна трагедија. Сите сме многу гневни и многу тажни, Почивај во мир мило девојче“, сподели Каролина Гочева на својот официјален профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button