Потрошила 50.000 евра за силикони и пластични операции, а сега ги ШОКИРШЕ СИТЕ со видеото на кое е без филтри и Фотошоп
Еве како изгледа Дара без филтри и фотошоп…
Многумина коментираа дека изгледа непрепознатливо, посебно во споредба со тоа како изгледа на Инстаграм….
Познатата пејачка Дара Бубамара во последно време привлекува внимание каде и да се појави.
Таа е поприлично позната и на социјалните мрежи, а нејзините објави никого не оставаат рамнодушен.
Но овој пат едно видео што најпрво се појави на „ТикТок“, а потоа и на останатите платформи привлече големо внимание, и многумина неа изненадени од нејзиниот изглед.
Снимката започнува од нејзините скапоцени чизми, па потоа кадарот продолжува преку нејзиното тело, а кога се појави нејзиното лице многумина коментираа дека изгледа непрепознатливо, посебно во споредба со тоа како изгледа на Инстаграм.
„Па оваа жена на Инстаграм изгледа потполно поинаку“, „Ова не е Дара“, „Дара без фотошоп е потполн друга личност“, беа само некои од побруталните коментари, но имаше и позитивни.
„Нејзино право е да прави што сака“, „Таа на мене ми е супер“, беа само некои од нив.
Пејачката потрошила околу 50.000 евра за пластични операции?
Ова не и е прв пат на пејачката да биде мета на критики заради претераниот Фотошоп што го користи, а неодамна „исплива“ и ценовникот на естетските интервенции што познатата пејачка наводно ги има направено.
Според овој ценовник, Дара наводно вложила речиси 50.000 евра во својот изглед, а само за нејзиното силиконско „деколте“ досега потрошила околу 15.000 евра, пишува српскиот „Курир“. Таа првата промена ја направила пред десетина години, и од тогаш имала уште неколку интервенции.
Таа тоа не го крие, а според свое сопствено признание имала и неколку естетски зафати на лицето.
И овие „ситни“ козметички интервенции кои исто така ги има повторуван по неколку пати ја чинат поприлично голема сума на пари, а како што пишуваат медиумите, таа наводно во Турција направила и операција за намалување на носот.
Покрај овие интервенции таа носи и надоградба на коса, и тоа од природни влакна, која исто така не е евтина.
„Чести ги менувам силиконите бидејќи тоа така треба. Слушам некои колешки ме озборуваат, но можам да ми плукнат под прозорот. Ги следам светските трендови, доста више со лажниот морал“, изјави еднаш Дара за медиумите.
„Искрено, баш ми е гајле што некој мисли за мене. Секако сум јавна личност, па сум навикната сé и се што да се зборува и пишува“, исто така порача Дара во една пригода откривајќи дека не е премногу загрижен за негативните коментари.
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара