Емотивна порака на познатиот пејач со која ги загрижи неговите бројни обожаватели од целиот свет.
Џастин Бибер на социјалните мрежи сподели емотивен пост во кој откри дека не се чувствува добро и ги замоли пријателите да се помолат за него.
Само сакав да ве известам за тоа што се случува, надевајќи се дека моите зборови ќе допрат до вас. Многу се мачам. Се чувствувам неповрзано и чудно… Секогаш ќе си дојдам при себе па не се грижам, но само сакав да ви се јавам и да ве замолам да се помолете за мене. Бог е добар, и вашите молитви навистина делуваат, ви благодарам“ напиша Бибер.
https://www.instagram.com/p/Bu0VXDpHSxf/
Обожавателите во коментарите не престануваат да му пишуваат пораки со поддршка, а многумина се молат за пејачот во коментарите.
Објавата за само неколку часа беше „лајкната“ од преку четири милиони луѓе на Инстаграм.