Научник од Универзитетот во Оксфорд, д-р Пол Кели неодамна откри нешто што веројатно влијае на повеќето нас.
Тој ги испита формите на тортура во денешното модерно време и откри дека будењето и oдењето на работа пред 10 часот е најчестата форма на тортура за сите.
Д-р Кели вели дека секој од нас има свој „телесен часовник“, познат како циркадијански ритам. Овој часовник на телото е претходно програмиран и не може да се менува, така што принудувањето да се будиме секој ден пред да се подготвени нашите органи и мозоци значи дека ние се бориме со нашиот внатрешен часовник и тоа има лоши ефекти врз нашето здравје.
Овој научник смета дека лишувањето од сон е меѓународен проблем и, како што споменавме порано, може да биде опасно за нашето здравје. На пример, започнувањето со работа пред 10 часот наутро може да доведе до лишување од сон и емоционален и физички стрес, што може повторно да доведе до уште поопасни здравствени ризици.
Тој ја тестираше својата теорија во училиште во Велика Британија, каде го премести почетокот на часовите од 8:30 до 10 часот. Тој дојде до заклучок дека по некое време се подобрија нивоа на посетеност и општа продуктивност на учениците. Беше забележано подобрување и кај оценките на учениците.
Па, зошто сè уште се бориме? Па, осумчасовни работни денови беа создадени во почетокот на 20 век за да се зголеми продуктивноста на фабриките. Тие не го зедоа предвид часовникот на човечкото тело, што, се разбира, треба да се усогласи со сончевата светлина, а не со распоредот на газдите.
За жал, ние сè уште сме заглавени во стариот систем и не размислуваме за тоа што нашето тело природно го сака. Ако сите ги слушаа своите тела и се разбудија природно, нивната работа ќе биде многу попродуктивна и фокусирана и во целост да биде посреќна.