Реклама
Наши ѕвезди

Поставена на столбот на срамот, а само го брани својот маж: Јелена Ѓоковиќ ја осудуваат, а ниту една жена на тенисер никогаш не го прави ова

Реклама

И два дена по дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ во осмина финалето од УС опен поради тоа што случајно со топче погоди судија, не стивнуваат реакциите на тој настан кој го оневозможи најдобриот тенисер на светот да се бори за 18. грен слем титула.

Многу спротивставени мислења по прашањето на казната која Новак ја доби, некои се за тоа, некои се против, но несомнено е дека светскиот рекет број еден има голема поддршка од навивачите ширум светот.

Маркетинг

Секако, исклучително е важна и поддршката од сопругата Јелена која никогаш не се двоумела да застане покрај Новак и поради тоа често беше мета на напади зошто не е вообичаено сопругите на тенисерите да се огласуваат или пак тоа го прават ретко или никогаш, за разлика од Јелена Ѓоковиќ која никогаш немала проблем да биде потпора за Новак и да го каже она што го мисли.

Маркетинг

Така и пред 4 години после мечот на Мастерсот во Индијан Велс Новак зборуваше за заработката на тенисерите и тенисерките, а по обичај странските медиуми од тоа направија приказна во која Ѓоковиќ излезе негативец.

Новак набрзо се обрати со отворено писмо до јавноста, а Јелена застана во одбрана на својот сопруг критикувајќи ги новинарите поради тенденциозните наслови.

Уште еден добар пример за поддршката на Јелена за Новак беше на Ролан Гарос 2017 година на кој Ѓоковиќ ја бранеше титулата. Сепак во четвртфиналето српскиот тенисер мораше да му пружи рака на подобриот, а тоа во случајот беше Доминик Тим кој славеше во три сета, во последниот со неверојатни 6:0. Токму тогаш Јелена стана од своето место во боксот и со аплауз го поддржа сопругот во многу тешкиот момент уште еднаш покажувајќи дека секогаш е со него.

Сепак, на Јелена Ѓоковиќ и беше потребно одредено време да се навикне на фактот дека Новак е планетарно познат и дека во почетокот беше во неговата сенка, што и го откри во разговорот со новинарот Греам Бесинџер.

– Се обидував да се натреварувам со Ноле. Мислев дека не добивам доволно признанија кои ги заслужувам, и дека мојата работа не се гледа зошто се се одвива во позадината. Се што правам е невидливо. Жените немаат многу простор да проговорат, да се покажат и постои стереотип за жените на спортистите, како треба да изгледаат и да се однесуваат, рече Јелена.

– Јас во тој стереотип не се вклопувам и драго ми е поради тоа, но ме осудуваа поради тоа. Требаше да ме интересира модата, да ме интересира како изгледа. Нема ништо лошо во тоа, но мене тоа не ме инспирира. Затоа морав да го измислам своето место и тоа се претвори во натпреварување зошто сакав да докажам дека можам да бидам повеќе од само девојка, само жена на славниот спортист. Некогаш ме болеше што сум препознатлива само како негова сопруга, сега тоа го носам со гордост!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button