Послушана молбата на пејачката Тања Царовска, еве како изреагираа македонските здравствени власти
Македонската пејачка Тања Царовска преку Фејсбук ја раскажа личната голгота и на нејзиното семејство по нејзиното враќање од Англија и сместувањето во државен карантин во хотел Ибис во Скопје со детето кое развило воспаление на уво и имало големи болки.
„Мене ми е жал вака што изгледа дека пак скренувам внимание на себе си ама ваква е состојбата.
Ќерка ми има воспаление на увото веќе 12-13ти ден. И почна во Англија после бањање, со блага болкa, веројатно и влезе вода.
За жал доктор таму не сакаше да не види туку само преку телефон ни препорача капки дексаметазон со неомицин. И ги ставав капките 5-6 дена, и и доаѓаше подобро но сепак имаше амплитуди, од време на време ја фаќаше болка.
Транзитиравме во Македонија. Се надевавме дека поминува. Но за жал вчера пак почна да ја боли и да се засилува болката.
Вчера вечерта викнавме доктор што е овде наводно дежурен во карантинот. Им кажав дека детево треба да биде прегледано од доктор зашто очигледно има воспаление.
Детево воопшто не го ни допираат, стојат 2 метри подалеку, демек да не сме заразени. Докторот што дојде кажа дека во 10 вечерта ќе дојде докторка која е специјалист по уво, нос и грло и таа повеќе ќе знае да ни помогне.
Чекавме до 11 но никој не се појави. Се јавив на телефон на рецепција, никој не одговори. Во 1 по полноќ веќе не можеше да спие од болка.
Отворив врата и му реков на дежурниот од полиција што ни е пред врата да викне некој од рецепција зашто ни треба доктор. Ако излезам од соба казната е 2000 евра, така ни беше кажано.
Од рецепција полицијата ми кажаа дека докторката не дошла, да се јавам на 194 да викнам брза помош. Беше навистина доцна но кажав дека утре изутрина ќе викнам.
И дадов парацетамол и така некако заспа едвај, во 4 по полноќ. Кога станавме денес прво што направив се јавив на рецепција да викнам доктор. Се качи една докторка, исто во космонаут одело и и рече на ќерка ми да стави маска.
Стави маска ама докторкава пак од 2 метри ни кажува дека не може многу да стори, дека треба да пази да не и влегува вода и да и давам парацетамол и да продолжам со дексаметазонот.
И кажав дека не и делуваше се што правевме до сега, дека сериозно има воспаление и треба детето да се прегледа од доктор, дека треба да се види што е точно, можеби е запушен канал, можеби треба да се исчисти, како и да е потребен е сериозен преглед на увото а не нагаѓање од далеку.
Ми кажа дека тоа ќе напише во извештајот, дека детето го боли увото. Толку. Еве го детево пак плаче од болкa, увото е потполно затнато но јас немам граѓанско право да го однесам на лекар, треба да оставиме на судбината.
Ги прашав што чекаат, да стане воспалението толку лошо па да почне да дига температура?
Ми рекоа не, нема да дигне од ова температура, ќе помине само.
Иако две недели нема поминато и сега е полошо од секогаш.
А слушнав дека имало овде човек кој со мо3oчен удap дошол во карантин и не го пуштиле да оди на доктор.
Ако може некој ве молам нека ни помогне. Фала ви однапред. (Слободно споделете)
По нејзината објава, реагираа надлежните здравствени власти и пејачката Царовска заедно со својата ќерка е пуштена во домашна изолација. За нејзиниот случај соопштија дека додека била во карантин ѝ било понудено со ќерката да оди на преглед кај специјалист во болницата „8 Септември“, но таа одбила, реагирајќи дека бара лекар во Клинички центар што пак е спротивно на воспоставените протоколи за ковид-19 во Македонија.