Миа му посвети емотивна објава на најважниот маж во нејзиниот живот.
Веќе е добро познато дека некогашната водителка, а денес најуспешна инфлуенсерка во Македонија, Миа Костова е самохрана мајка.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
На свои 27 години, кога беше во екот на популарноста, Миа го роди своето прво и единствено дете, синот Андрија.
Никогаш во јавност не го откри идентитетот на таткото на Андрија, но многупати јавно има зборувано како е да се биде самохран родител.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
Целосно посветена, без ничија помош и покрај многуте работни обврски, Миа го порасна Андрија во едно културно и воспитано момче.
Андрија денес секаде оди со неа на патувања и е нејзина најголема поддршка.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
На својот Инстаграм профил Миа сподели нивна заедничка фотографија, а во опис напиша емотивна посвета.
„Мами, јас и ти цели 12 години. Кога мама мислеше дека нема излез, твојата насмевка во 5 сабајле полн живот, викаше без да зборуваш ‘мама, сѐ ќе биде ок’ . А мама не веруваше дека може сѐ! А направи сѐ и многу повеќе за да твојата насмевка не престане никогаш. Живели мама, ми враќаш секој ден и знам дека вредеше секое држење во раце до 5 сабајле и времето назад би го вратила само да те држам уште еднаш цела ноќ. Без да се нервирам и без да се прашувам дали некогаш ќе пораснеш. Порасна, денес да ми го носиш куферот и да ми направиш живел. Те сакам“, напиша Миа.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова