После долги години Калиопи за прв пат прозборе за поранешниот сопруг: “Го барам секоја вечер”-откри во какви односи е со неговата сопруга
Македонската пејачка Калиопи Букле се раздели од својот прв сопруг пред три децении, а сега откри дека и по разводот тие останале во контакт и имаат одлична врска и времето го поминуваат заедно како семејство.
Калиопи откри дека неговата сопруга стана една од нејзините најдобри пријателки.
Таа истакна дека на бившиот сопруг му се јавува само навечер, а се дружи со неговата сегашна сопруга чија поддршка особено и значела за промоцијата на новиот дует со Жељко Самарџиќ.
-Тогаш најмногу можам да му се јавам бидејќи е во студио и работи. Знам каде е. Денес сме овде фамилијарно. Ромео дојде со сопругата, таа ми е најблиска пријателка. Ние живееме така. Секогаш велам дека моето дете има две мајки, пред малку Ромео рече: „Ромео има три жени“. Толку се дружевме, што така е – рече Калиои Букле и додаде:
– Минатата година го изгубив татко ми, ми беше многу тешко. Дента кога ме известија дека починал, имав концерт на Фрушка Гора. Имав два концерта по ред. Направивме се одлично, пеев како никогаш досега, имав чувство дека е до мене, но да ме прашаш сега за некој детал од тој концерт, ништо не се сеќавам. Тоа ми беше многу тешко. Животот носи се. Треба да живееме за моментот, не знаеме што ќе биде утре, истакна Калиопи.