Посебен ден за Дракче: Соопшти прекрасна вест – погледнете како се славеше
Убава причина за славење имаше во домот на некогашната водителкаи македонскиот пејач.
Драгица Стевковска Дракче соопшти прекрасна вест на Фејсбук и честитки веднаш почнаа да се нижат.
Иако не е повеќе дел од ТВ етерот, Дракче и понатаму е омилена на публиката, која ја следи на социјалните мрежи.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
Некогашната водителка на „Патот на светлината“ е активна на Фејсбук, а на нејзиниот профил може да се видат фотографии и од нејзиното семејство.
Со својот ведар дух и позитивна енергија веднаш ја освои публиката и популарноста сѐ уште ѝ трае.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
Во брак е со пејачот Орце Стевковски, со кој живеат во скопското село Петровец, а слободното време сакаат да го поминуваат со ќерките и внуците.
Овој пат кај нив имаше убава причина за славење.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
Нивната внука Ема славеше роденден, па баба посака и јавно да ѝ честита:
„Овој балон со љубов го испраќам до нашата внука Ема да и ги пренесе сите желби за се најубаво во животот.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ПРИНЦЕЗА НА БАБА И ДЕДО..“, напиша Дракче и сподели фотографии од роденденската забава: