Поранешниот сопруг на Адријана Алачки ја „шокираше“ цела МАКЕДОНИЈА – никој не го очекуваше ова од него!
Ова никој не го очекуваше од македонскиот муџичар, навистина ги изненади сите.
Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 колку што постоеше, составено од: Ардијана Алачки, Горан Алачки и Ирена Спасовска, беше неизоставен дел од речиси сите фестивали и манифестации во тој период.
Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.
Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.
Дваесет и седум години како повеќе не настапуваат зааедно, а постарата генерација се уште ги памети по нивните хитови.
Пејачката и водителка на кулинарската емисија „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки и најпознатиот хармоникаш во земјава, Горан Алачки беа во брак 25 години.
Како круна на нивната некогашна љубов се нивните деца Грациела и Благоја.
Поминаа 10 години од нивната разделба, а веќе секој од нив има свој живот и кариера, но со заеднички сили и понатаму се трудат да бидат голема поддршка на своите деца.
Горан и понатаму е еден од најдобрите во Македонија. Долги години е во среќна и стабилна врска со Марина Дојчиновска, позната како водителка на ТВ Сонце, на емисијата Македониум, а денес исто така и успешна директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија.
Тие двајца не ја кријат својата љубов и често на социјалните мрежи споделуваат заеднички фотографии, на кои може да се види дека еден со друг си се поддршка во се, а истовремено уживаат на разни патувања.
-Не се надевав дека ќе ми се случи љубов во животот, и таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина. Се надополнуваме еден со друг, а понекогаш ги поврзуваме патувањата и работата. Така беше во Пакистан – Хунза, Швајцарија, Холандија, па така и сега, последното заедничко патување во Бразил. И двајцата сме зрели личности, во едно доба кога знаеме што точно сакаме од животот.
Убаво ни е заедно и секому од срце поскауваме да си ја најде сродната душа – раскажа своевремено Алачки.
Се чини дека музиката не е повеќе доволен предизвик за него, па се одлучи да си најде нов.
Јавноста ја изненади откако соопшти дека се кандидирал за градоначалник на Берово.
Имено, тој ќе се обиде да добие градоначалничка функција, кандидиран од Интегра-Македонска конзервативна партија, за Општина Берово.
Најави дека повеќе ќе биде достапен за јавноста наскоро и ќе образложи сѐ.
И од Интегра ја потврдија неговата кандидатура.
-Независна кандидатура и надпартиски момент, каде ќе може Алачки сета своја енергија да ја изнесе на јавната сцена.Се враќа во Берово, тој живее таму, таму му е личната карта, гради културен центар, сака од Берово да направи еден поинаков лик, една поинаква средина.
Инаку, тој е интернационално познат, насекаде на планетата, нема континент каде тој не ја раширил македонската традиционална музика. Тоа човек што збори со своето срце за својот народ и за својата татковина, а сега тоа ќе го покаже на дело и за беровчани, од каде како концентрични кругови ќе се шири таа визија и творечка енергија низ цела Источна Македонија – изјавија од партијата.
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки
Фото: Фејсбук / Горан Алачки