Поранешниот на Тара Симов се заколна пред Господ – НЕВЕСТАТА БЛЕСКАШЕ, Ша со неа е пресреќен
Еве како изгледа девојката што му го украде срцето на познатиот репер Ненад Алексиќ Ша
Поранешниот задругар и репер, Ненад Алексиќ Ша, и тиктокерката Вања Игњатовиќ пред неколку месеци се регистрираа кај матичарот, а сега направија и голема свадба на која покрај семејството и најблиските присуствуваа и многу познати.
Ша и неговата сакана заблескаа на црковната венчавка, каде го изговорија своето судбоносно „да“, а невестата изгледаше како принцеза.
Реперот сподели фотографии со својата сакана на кои и двајцата блескаат. Тој носеше тегет костум, а Вања бела венчаница со вел.
Фото: Инстаграм
Познатиот репер некое време криеше дека е во врска, но сега и тој и неговата сакана споделуваат заеднички моменти.
Фото: Инстаграм
Тие неодамна на Инстаграм открија и како започна нивната љубовна приказна кога и на двајцата ни на крај памет не им беше дека еден ден ќе бидат заедно, а камо ли пак дека ќе склучат брак.
Фото: Инстаграм
Инаку, Вања веднаш по венчавката го промени презимето на Инстаграм, а потоа објави и неколку фотки од венчавката.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Ша во „Задруга“ ја изневери својата сопруга Ивана Алексиќ со Тара Симов, па веднаш по излегување од шоуто се разведе.
Фото: Инстаграм
Љубовта помеѓу Тара и Ша исто така не траеше долго, па Симов по некое време започна врска со нов партнер на кого му роди дете.
Фото: Инстаграм
Од друга страна Ша својата среќа ја пронајде со Вања со која направи граѓанска венчавка пред месец дена.
Фото: Инстаграм
Тој тогаш на социјалните мрежи се пофали со подарокот што го доби од сопругата, а во прашање е часовник што веднаш го стави на раката.
„Вања и јас се запознавме пред две години. Минатата година кратко се гледавме, но изгубивме контакт од некои причини кои сега не се важни. По „Задруга 6“ го обновивме контакт, доста време поминувавме на ТикТок натпреварувајќи се, повторно влеговме во приказна и едноставно сите коцки се поклопија. Таа е некој што ме сака, почитува, и ме става на место на кое што заслужувам да бидат Тоа е жена покрај која сакам да пловам во животот“, изјави тогаш реперот.