Поранешниот зет на Жељко Митровиќ ја раскина веридбата, па ги ШОКИРАШЕ сите со овој неверојатно скап часовник!
Младиот милијардер се почести со два часовници…
Младиот милијардер Илија кој во регионот стана познат по врската со ќерката на Жељко Митовиќ, Кристина Митровиќ, на својот профил на социјалните мрежи се пофали со новите луксузни часовници од „Richard Mille“.
На Илија слабост му се луксузните часовници, па тој реши да ја зголеми својата скапоцена колекција со уште два модели.
Едниот од овие луксузни часовници е опточен со дијаманти и чини неверојатни 559.579 евра, додека другиот е далеку поевтин – на интернет може да се најде по цена од „само“ 66.000 евра.
Инаку Кристина и Илија неодамна ги избришаа сите заеднички фотографии на социјалните мрежи, па многумина се посомневаа дека тие ставиле точка на нивната љубов. Тогаш рускиот милијардер на социјалните мрежи објави порака со која само ги поткрепи сомнежите дека е поранешен зет на сопственикот на розовата телевизија, Жељко Митровиќ.
Ти благодарам Господе на лекциите. Не можам да бидат поблагодарен. Што е доста – доста е. Време е да тргнам понатаму и да ги остварам своите цели за 2023, објави тогаш на Инстаграм Илија.
Тој потоа ги избриша сите романтични фотографии со Кристина, а набргу потоа истото го направи и таа.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм