Огњен Врањеш го прослави 30 роденден
За журката што ја направи во Атина заедно со своите колеги од фудбалскиот тим за кој што игра се уште се зборува.
Во елитниот ресторан во грчката престолнина гостите ги забавуваше фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Истиот ден својот петти роденден го прослави и ќерката на Огњен, а со неа на забавата беше и нејзината мајка, поранешната сопруга на фудбалерот.
Неговата поранешна сопруга Данијела целото време беше со ќеркичката, а многумина не можеа да ја препознаат.
Данијела на роденденската забава се појави со зелена перика, па многумина кога ги видоа прв пат фотографиите на социјалните мрежи ги потсети на Јелена Карлеуша, поради која таа и се разведе од својот сопруг.
Карлеуша секако дека не напиша никаков коментар во врска со целиот настан, иако многумина го очекуваа тоа од неа.
Таа е зафатена со снимање на нови емисии, а на социјалните мрежи изгледа подобро од кога било досега.
Фото: Инстаграм