И во Македонија нема ништо ново
Кристина Димитриевска повторно и се врати на својата манекенска кариера.
Убавата 23 годишна тетовчанка ќе ја претставува нашата земја на „Мис Глоуб“ 2019 каде ќе се натпреварува заедно со уште 60 други девојки од цел свет. Таа во 2014 година победи во натпреварот „Новогодишна убавица на Балканот“, а откако се разведе од Кајмакоски заплови и во музичките води – заедно со Андреј Миске ја снимаше песната „Сакам пак“.
Но откако Кристина објави неколку фотографии на кои што позира со останатите убавици, дел од корисниците на социјалните мрежи и замерија што на нив пишува „North Macedonia“. По ова реагираше и манекенката, која очигледно не остана рамнодушна на нивните коментари, па во своите „Инста приказни“ им напиша порака.
„Јас се гордеам со својата држава! ‘Патриоти’, додека ме плукате мене поради името, другите држави имаат огромна поддршка. Не се чудете, самите не се сакате, сакате да ве сака некој друг. Хаха, напиша Кристина, а потоа го додаде и следново: П.С. Не го сменив јас.
Ова дополнително ги разлути оние што ја критикуваа, додека други пак безрезервно ја поддржуваат.
„Остави ти тоа што ни го зборуваат за името. Ти секако си прекрасна“ и напиша во коментарите еден фан.
Само да потсетиме, Кристина по три години брак се раздели од пејачот Даниел Кајмакоски во мај оваа година. Тие го имаат синот Давид кој остана да живее со неа, додека Даниел се пресели во Србија и во моментов е еден од учесниците во шоуто Твоето лице звучи познато.
Кристина откако се породи за кратко време повторно се врати во топ форма, а сега со новата руса коса изгледа дури и поубаво од кога било досега. Таа реши сериозно да и се посвети на својата кариера, па искрено се надеваме дека од овој натпревар нема да се врати без награда.