Поранешната на Кајмакоски во новиот спот на Гавазова – фановите се воодушевени од преубавите дами во црни фустани
Гавазова и за време на корона не мирува …
Таа и за време на короната максимално беше посветена на она што го работи и цело време ги изненадуваше своите фанови.
Имено, по неколку концерти кои беа реализирани во нејзиниот дом и пренесувани преку ИН ТВ Гавазова деновиве ги изненади своите верни фанови и со нова песна и спот. Очигледно дека коронавирусот и полицискиот час не ја спречи атрактивната Гавазова да го прави она што најдобро го знае, а како изгледа нејзиното ново дело погледнете во продолжение.
Песната се вика Апсолутно мој и посветена е на нејзиниот сопруг Јасмин кој и е најголема поддршка на пејачката.
Гавазова новата песна ја промовираше на својот саботен концерт во живо, кога нагласи дека авторските права се откупени, така што не станува збор за „украдена“ песна како што некои ја критикуваа.
Во спотот како статисти се појавуваат познатиот модел Кристина Димитри и Дарко, кои одлично ја завршија својата работа. Сузана одлучи во видеото да бидат двете ќерки Емели и Селена, како и нејзината мајка.