Поранешната водителка на Брза кујна со овој потег ја изненади цела Македонија, а НАЈМНОГУ гледачите на Канал 5 телевизија
Водителката од „Брза кујна“ со нов работен ангажман.
Иако нејзиното лице и прекрасна насмевка долго време го гледавме на кулинарското шоу „Брза кујна“ на „Сител“, шармантната Александра Илиевска си замина .
Пред една година, таа преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува на кратко од водителството, но дека за тоа има прекрасна причина. Александра во тој период беше бремена со своето прво дете, па улогата на водител во емисијата ѝ ја препушти на Сања Савеска.
Александра беше од оние трудници кои навистина уживаа во бременоста. Се чини како воопшто да не доби вишок килограми и многу брзо по породувањето се врати во форма. Не престана да биде активна на социјалните мрежи и постојано ги информираше фановите како тече бременоста.
Иако таа не сподели фотографии на кои се гледа лицето на Сара, сепак евидентно е дека таа порасна и време е мама Александра да се врати на работните обврски.
Александра на социјалните мрежи објави дека таа се наоѓа пред нов работен предизвик.
-Шансите не се случуваат, самите ги креираме. Нова работа, Канал 5 телевизија“, напиша Александар во својата нова објава на Инстаграм.
Подоцна на кратките инстаграм приказни сподели дека ќе работи во утринската програма „Здраво Македонијо“ па го покажа и својот тим.
Секако честитки за новото работно место пристигнаа од сите страни.
Инаку, шармантната водителка заплови во брачните води со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да застанат на лудиот камен.
„Со Александар сме 16 години заедно и уживаме во љубовта. Благодат е во животот да пронајдете партнер кој ќе ви е поддршка во се. Тој е мојот најголем критичар и личност која секогаш е реалист, а јас сум сонувачот“.
„Животот е компромис, во секој сегмент треба да се има разбирање и поддршка за нешто да успее, а љубовта се негува за да опстои долги години“.
Александра важи за една од нашите најпознати, но и најубави водителки, која секогаш изгледа интересно и модерно.