Реклама
ВиралноКафе муабет

Поранешна Југославија: Имавме толку малку избор, а бевме многу посреќни

Реклама

Роден сум во Југославија, голема и убава, самоуправно – социјалистичка, неврзана и во братство-единство, ама не сум југоносталгичар. Една од работите кои најмногу ми пречеа во Југославија беше и недостатокот на избор и унифомираноста. Постојат луѓе кои тоа го сметаат за благодет, тоа што сите бевме изедначени и по стандард и по облека и помалку или повеќе по секое друго прашање. Кога бев тинејџер, неверојатно ми пречеше тоа што можев да купам најмалку пет модели на обувки во цел Белград – продавници имаше исто колку и сега, но им припаѓаа на исти фирми и се продаваа потполно исти модела во секоја продавница, кои после ги носеа сите. Беа тоа квалитетни обувки, но дури и на мажот му пречи кога ќе види дека сите имаат чевли исти како неговите, пишува новинарот и уредник  Владимир Марковиќ, во својата колумна на Еспресо.рс.

 Од се по две

Некаков избор сепак имаше – од се најчесто по два многу слични брендови. На ТВ две програми, РТБ 1 и РТБ 2, кец до полноќ, двојка отприлика до 22.30, а потоа ја слушаш химната на Белград која ја компонираше Миховил Логар и чекаш до утрото кога го пуштаа Бранко Коцкица и „Опстанок“, во неверојатно квалитетната образовна програма. Кој имаше многу јака и добра антена во комбинација со покрив свртен кон ФрушкаГора можеше да фати и ТВ Нови Сад и да го гледа „Хиралдо“ (ТВ Дневникот на унгарски јазик) и цртаниотфилм Густав. Веге! (крај на унгарски, тоа пишуваше на одјавнаташпица на „Густав“)

Што му беше важно на едно дете како мене? На прво место – велосипедот секако. Тогаш немаше сити бајкови, маунтин бајкови ниту BMX-и, па главен хит беше пони велосипедот. Ги носиш родителите во Стоковна куќа Белград демек ти треба лампа за на бирото ноќе, па ќе се закопаш на одделението со велосипедо и не попушташ додека татко ти не го отвори паричникот и не ти купи пони. А изборот беше Пони УНИС – Сараево или Пони Рог Љубљана. Слични како јајце на јајце, се на нив е исто, иста боја,иста цена. Добив сребрен пони РогЉубљана и сето тоа беше добро додекане дојде мојот братучед од тетка ми одЛуксембург и донесе пони Пежо, кој не беше многу подобар од Рог или Унис, но – во целото училиште, само тој имаше поинаковвелосипед, металик црвена боја која во СФРЈ се уште не беше стигната.

Маркетинг

Недолго после тоа, тато одлучи дека доста сме гледале црно-бела програма на ТВ, доаѓа светско првенство во фудбал (Аргентина 1978), ред е да можеме да распознаваме која боја се чии дресови. Ете не пак во Стоковната куќа Белград, а таму богат избор на телевизори во боја: можеше да се избира меѓу Горење или Електронскаиндустрија Ниш. Двата беа многу добри, но ние купивме Горење, а стрико ми ЕИ Ниш Спектра Колор, кои траееја до крајот на осумдесетите и првите Сони тринитронци на рати преку синдикат.

ЕИ Ниш телевизорите го имаа и ова неверојатно чудо од техника: аналогно фино подесување на каналите!

Маркетинг

Општо гледано, покојната Електронска индустрија Ниш имаше некои многу оригинални технички решенија на сите уреди кои ги произведуваше и беа изненадувачки квалитетни – и денеска Хај – Фај звучниците произведени во фабриката ЕИ Нш спаѓаат во високата средна класа, а лампите на ЕИ Ниш се препорачуваат за некои од најквалитетните лампашки аудио и гитарски појачала на форумите ширум светот.

Но, да ја продолжиме приказната. Положивме пионерска заклетва и некои од нас почнаа да се занимаваат со музика. А во Музички магазин се водеше остра пазарна борба меѓу гитарите на Музичка наклада Загреб и Мелодија Менгеш – Менгеш е гратче во Словенија за кое никогаш не би слушнал ако немаше фабрика за гитари. Најпрво свирев на гитарата од Музичка наклада која нагалено ја викав Канта, а три години подоцна напредував и ја добив нешто поквалитетната Мелодија Менгеш – Меги. Двете беа од малку полоши,односно малку подобрашпер-плоча, а денеска и најевтината кинеска гитари подобро изгледа и звучи подобро.

До сега говоревме за малку поскапите работи, но и кај ситната стока за широка потрошувачка често немаше поголем избор.

Да тргнеме, од пастите за заби. Цела Југославија миеше заби со една паста за заби – Колинос, која лиценцирано се произведуваше во Лесковац. Кога случајно во продавниците ќе снемаше Колинос, обично број 2 беше Азулин. Конец за заби беше оној за шиење, од фиоката на мама.

Сокови имаше разни, но број еден секако беше Фруктал, со необично пакување во форма на заоблен квадрат кое и ден денес би било привлечно ако се појави било каде во светот – се чини дека тоа беше некое уникатно решение на југословенскиот индустриски дизајн. Сокот се отвораше со бушење на металната фолија на врвот и тогаш можевте овој солитер од овошен сок да го пиете со цевка или како што сакате. Ако во некоја продавница немаше Фруктал, добар или би рекол одличен беше и сокот на ПКБ Витасок во стаклено шише.

Едно, како ниедно

Имаше и брендови кои беа апсолутно единствени на пазарот, почнувајќи од Сојузот на комунисти на Југославија, популарната Партија. Членска карта на партија можевте да имате само една, немаше прелетување и гарантираше вработување – ако на конкурсот за било која работа на прашањето „Дали сте член на Партијата“, одговрите со „Да“, ќе избиете на врвот на ранг листата автоматски, па макар пред вас конкурирал и Никола Тесла лично. СФРЈ беше рај за ботови и сендвичари.

Еден од таквите брендови без право на конкуренција беше лосионот за после бричење Брион кој се уште се произведува во земунската фабрика Далиа. Со малку среќа можевте да го најдете и увозниот Пино Силвестре, но тоа беше за црвената буржоазија. Брионот гопечеше избриченото машко лице како рударски шамар, но затоа следните пет дена ќе мирисате како најголем плејбој на младинската работна акција Брчко – Бановиќи 61: Чепкалка во заби се подразбира.

Еден од таквите брендови беа и машките Спидо гаќи за капење. Девојките и тогаш имаа повеќе избор, но мажите, деца или постари можеше само да купи Спидо купаќи „тарзанки“ сини, црни или со црвена боја. Ги шиеја некаде во Југославија по странска лиценца. Дури по распадот на Југославија се појавија и други модели и брендови.

Денеска е голема мака и психички напор да се одбере телефон кој може да го користиме отприлика две години и да го замениме со нов – мораме да читаме рецензии, да споредуваме, да прашуваме пријатели, да ги проверуваме условите за купување и договорите со операторите. Во Југославија постоеше само еден бренд телефони кои можеше да се купи, и беше мнгу добар – Искра од Крањ. Ако сте старомоден можевте да бирате меѓу два постари модели. Сите работеа, отприлика засекогаш, без грешка. Би траеле и сега ако централите на фиксната телефонија не преминаа на дигитална технологија. Моделот сосема десно на фотографијата, ЕТА 81 добри бројни меѓународни награди за индустриски дизајн.

Денеска е голема мака да се одбере компјутер – слично како и со телефоните, само уште поинтензивно зошто инвестицијата е поголема и поважна: читаме рецензии, прашуваме пријатели, се распрашуваме на сто страни и на крајот купуваме средство за работа, забава, а можеби и престиж. Малку луѓе знаат дека Југославија беше меѓу првите земји во светот кои ја освоија компјутерската технологија и произведува свои компјутери. Југословенскиот одговор на првите персонални компјутери Епл, ZX Spectrum и Комодоре 64 се произведуваше во Белград и се викаше Галаксија. Го контруираше српскиот инженер Војо Антониќ, а се произведуваше во претпријатието Електроника Инженеринг од Земун. На него можеше да се игра играта Замок која исто така ја создаде Антониќ.

А имаше и нешто единствено што само Југославија го имаше и им го извезуваше на останатите. Таков бренд, единствен во светот, беше Машка вода, од изворот во гратчето Кладањ во Босна и Херцеговина – босанска вијагра пред вијаграта. После големиот бум кој го направи на европскиот пазар на крајот на шеесетите,  Машка вода заврши неславна – при лабораториска анализа во Германија откриено е дека била полна со бактерии. Тоа беше крај на овој бренд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button