Реклама
Наши ѕвезди

Поради трагичен случај во семејството Спенџарска реши да се повлече од социјалните мрежи

Реклама

Водителката Јелена Спенџарска сподели тажни вести на социјалните мрежи

Познатата водителка Јелена Спенџарска која е мошне популарна и на Инстаграм се огласи и објави тажни вести.

Маркетинг

Имено, поради трагичен случај во нејзиното семејство таа реши на кратко да се повлече од социјалните мрежи, па преку порака ги извести пријателите и соработниците.

„Би сакала да ги известам моите пријатели (посебно соработниците кои очекуваат објави за нивните производи и услуги) дека на кратко ќе се повлечам од социјалните мрежи поради смpтeн случај во нашата фамилија. Нема да бидам во Скопје до четврток и ако треба можете да ме добиете на мојот мобилен. Ви благодарам на сите за разбирањето“ напиша Спенџарска денес во своите „Инстаграм приказни“.
Инаку, Јелена Спенџарска важи за една од најпопуалрните Македонки на оваа позната социјална мрежа.

Маркетинг

Таа редовно споделува фотографии од нејзиното секојдневие, а нејзините фанови се воодушевени и од нејзините коментари.

Во продолжение прочитајте и еден од нејзините коментари поради кои водителката важи за една од омилените дами на Инстаграм, а кој се однесува токму за оваа социјална мрежа и е упатен за оние кои премногу сериозно го сфаќаат виртуелниот свет, па имаат проблеми заради тоа.

„Гледаш нечии слики на инста и си велиш – ‘ Сакам да сум на нејзино место, преубава е, има се, животот и е совршен’…. ама не сфаќаш дека тие слики не се реалност. Инстаграм и останатите друштвени мрежи НЕ СЕ РЕАЛНОСТ. Секој е среќен и има преубав живот на инста, но верувај никој нема совршено тело,совршено лице, совршена врска… секој има мани и тоа е многу нормално. Немој да си дозволиш да те залаже некоја која нема ни грам целулит или кристално чисто лице. Личноста за која ти мислиш дека го живее животот од соништата, истото го мисли за некоја друга, а таа некоа друга за некоја трета и се така….

Те молам, немој да го поминеш својот живот гледајќи ги другите луѓе како ‘идеално’ живеат. Ако имаш покрив над главата, ако имаш што да јадеш, имаш се што ти треба. Плус на тоа ако имаш и некоја личност која те сака и ја сакаш, е тоа ти е вистинска среќа.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button